Piaggio Beverly, лидерот кај скутерите сега има мотор кој е во согласност со Euro4 стандардот,  променет изглед како и спортски и агресивен пакет.

Увозникот на Пијаџо групацијата за Македонија - Динамикс, обезбеди попуст на целата гама на фантастичните скутери Beverly. Посетете го нивниот салон каде ќе можете да ги видите и пробате скутерите, а во продолжение следуваат и сите информации за нив.

За прв пат претставен во 2001 година, Piaggio Beverly го револуционизираше пазарот на моторите со средна зафатнина, воведувајќи атрактивен дизајн, одлични перформанси како и беспрекорен безбедносен пакет. Тоа се должи не само на поголемите тркала туку и на променетата шасија.

Неговиот комерцијален успех отсекогаш бил надополнет со постојани промени кои го оддржуваат во врвот. Последната промена која ни доаѓа и која за прв пат е воведена на некој скутер е ABS/ASR безбедносниот систем како и иновативниот 350 мотор.

Beverly300 3 4DX Bianco copy

Со моделот Beverly, Piaggio ја комплетира листата на скутери кои се погодни за извршување на вашите секојдневни обврски.

Основната верзија наречена Liberty е опремена со ABS сопирачки и нов Piaggio i-Get мотор со воздушно ладење.  Следниот на листата е Medley кој го има “Start&Stop” системот, Piaggio i-Get моторот но со водено ладење, ABS сопирачки како и поголем простор во кој ќе можете да вметнете две кациги.

Меѓу промените кои ги има кај Piaggio Beverly 300 и 350 е тоа дека моторите мора да бидат во согласност со Euro4 стандардот.  Благодарение на новиот конвертор, новиот придушувач на звук како и поддобрувањето на електрониката, овие едно-цилиндрични, Piaggio скутери се во согласност со стандардите, а во исто време ги задржуваат и перформансите карактеристични за линијата Beverly.

10 Beverly 300 3 4 trasero derecho gris

А сите модели кои сега се дел од оваа линија имаат многу покомплетен пакет.  Веќе стандарден дел кај сите се ABS сопирачките како и ASR системот за контрола на тракцијата. Сега со притискање на едно копче можете да го лоцирате вашиот мотоцикл, а исто така и да го отворите просторот за багаж.

Приклучокот од 12V е заменет со USB приклучок и со него можете да го наполните вашиот телефон.

Целата Piaggio Beverly линија има нови и атрактивни бои. Piaggio Beverly 300 и 300S имаат и нова табла на која можете да ги видите сите предупредувања.

Piaggio Beverly 300: Класика во урбаната мобилност. Безбеден, сигурен мотоцикл кој има 287cc едно цилиндричен мотор и кој обезбедува одлични перформанси.

3323 12 Beverly 300 cuadro instrumentos gris

Дизајнот „Made in Italy“ се карактеризира со елегантен и популарен облик и во кој деталите како што се LED дневните светла и сопирачките играат голема улога.

Идеален за возење низ град благодарение на одличната позиција на седење, заштитата од струењето на воздухот како и голем простор за багаж во кој сега ќе можете да ставите две кациги.

Piaggio Beverly 300 S: Кај најспортската верзија на Beverly сега можете да одберете дополнително неколку бои кои ќе му дадат млад и агресивен изглед. Овој скутер исто така се издвојува и поради својата шасија. Резервоарот за гориво сега е лоциран централно за подобра распределба на тежината.

Piaggio Beverly 300 by Police: Ова е специјална верзија на Beverly 300 која е креирана од комбинација на две Италијански традиции на совршеност, Piaggio and Police. Овој мотоцикл исто така ги има сите технички карактеристики кои го направија Piaggio Beverly толку популарен. Меѓу нив е и едно цилиндричниот, четири тактен мотор со водено ладење.

Piaggio Beverly 350 Sport Touring: Предводникот на линијата Beverly е познат по целокупната опрема која ја има како и по перформансите кои ги обезбедува 330cc едно цилиндричниот мотор. Овој мотоцикл има одлични перформанси во споредба со малата потрошувачка на гориво.

3323 07 Beverly 300 3 4 delantero derecho gris

Piaggio Beverly 300 е достапен во класичната и популарна Bianco Iceberg боја или пак во новата Grigio Ardesia варијација.

Кај моделите карактеристични се и новите стилски детали како што се црните краеви на рачките, кафеното седиште, сивиот простор за багаж, штитниците кај вилушката како и држачите за нозете на сопатниците.

Piaggio Beverly 300 S е достанен во класичната и динамична Blu Sport боја како и новата Argento Cometa варијација.

Piaggio Beverly 300 by Police е достапен во агресивната Nero Carbonio боја. Тој исто така има црно седиште чии што краеви се сини. Има и хромирано предно светло и табла.

Piaggio Beverly 350 Sport Touring е достапен во четири бои: Bianco Stella, Nero Carbonio, Argento Cometa и Nero Galassia. Има темни детали кај просторот за багаж, тркалата и издувот.

3323 04 Beverly 300 3 4 delantero izquierdo blanco

Кај целата линија на Piaggio Beverly има голем број на додатоци кои ја зголемуваат удобноста при секојдневното возење:

- Штитник за ногата кој е практичен и интегриран во мотоциклот.*

- Електронски систем против кражба заедно со електронски клуч и далечински управувач.

- Практичен систем против кражба кој лесно се монтира и е безбеден.

- Ветробранско стакло со дебелина од 4mm кое нуди одлична заштита.

- Smoked top fairing кој дава дополнителна заштита но и спортски изглед.

- Matt black jet кацига која е посветена на Piaggio Beverly 300 by Police.

Back To Top