Домашни

Помогнете во проектот „Грешката чини живот“

Мотори.ком.мк во соработка со станицата за технички преглед и регистрација на возила „Power Sport System“ започнува кампања за едукација на возачите на автомобили. Кампањата е дел од проектот „Грешката чини живот“, а целта е на возачите на автомобили да им се укаже на постоењето на мотоциклисти на патот, чии права и обврски во сообраќајот се исти како и на другите учесници.

За таа цел, во станиците на PSS за почеток ќе бидат испечатени флаери кои ќе бидат дистрибуирани на сите возачи на автомобили. 

vnimavaj

За да ја помогнете акцијата наша препорака е регистрацијата на вашите мотори, вадењето на осигурување или зелен картон да го правите во станиците за технички преглед и регистрација на PSS. Се што треба да сторите е да ја испечатите сликата кој е во прилог и да ја доставите при посетата во PSS, за процент од средствата да биде одвоен за кампањата.

Кликнете овде за да ја превземете сликата која треба да ја отпечатите и да ја понесете со себе во ПСС.

Сликата можете да ја добиете отпечатена и во нашата канцеларија која се наоѓа на ул. Борка Талески 49 (до кафулето Конак) и на шалтерите на сите станици за технички преглед на ПСС.

Во „PSS“ можете да извршите технички преглед и регистрација на вашиот мотор, да извадите обично осигурување како и каско осигурување, да извадите зелен картон, а од неодамна во склоп на „Power Sport System“ работи и автошкола во која можете да полагате за А категорија. За повеќе информации посетете го веб сајтот www.pss.com.mk

Задолжителните трошоци да ги искористиме паметно, да спасиме живот!

 

Следете нè на:

 
comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!