Силве и Тони се на пат околу Светот, веќе поминаа 20.000 километри и со нас ги споделуваат првите впечатоци.

Најпрво сакаме да ги поздравиме сите љубители на моторите преку овој сајт.

За идејата да се гушне светот патувајќи со мотоцикл, и за хронологијата како сето ова започна, посетете ја нашата страница “Гушни го светот - Македонија“, а сега, прв пат на овој сајт, ви испраќаме телеграфски извештај, и се надеваме дека овој популарен мотоциклистички портал ќе ни овозможува и понатаму да ги споделуваме со вас нашите искуства.

40025453 229048857789594 3640517878995746816 n

На вакво патување е многу тешко да се предвиди сѐ што може да се случи. Во моментов сме во Непал и до сега имаме поминато околу 20.000 км. Моторот до сега добро се држи, како и ние. Негативните работи кои е нормално да се случуваат ги занемаруваме и се држиме до позитивноста на идејата да го гушнеме светот...

До сега најтешко ни беше низ Индија. Таму владее сообраќаен хаос и буквално не постојат правила, премногу е густо населена и во сообраќајот учествуваат рикши, автомобили, камиони, запрежни коли, моторчиња, скутери, трактори и се што може да послужи како превозно средатво, а и кравите се шетаат насекаде по патиштата.

Исто така, многу не исцрпуваат процедурите при преминување на границите. Иако однапред имавме обезбедени визи и карнет за моторот, процедурите се ужасни и се чека најмалку 4 часа.

Додатна потешкотија ни претставуваат високите температури и големата влажност на воздухот, ама брзо се адаптираме... Стекнавме многу нови искуства и познанства, кои ќе ги паметиме засекогаш...

Бидејќи е ова портал за љубителите на мотоциклизмот, сакаме да потенцираме дека доколку Непал би имал подобри патишта, би можел да биде прекрасна дестинација за патување и уживање на мотоцикл...

Оваа прилика ја користиме да се заблагодариме на нашиот генерален спонзор Кожувчанка, и уште неколку други компании и поединци без кои овој проект не можеше да се реализира до сега... Голема благодарност и до амбасадите на РМ во Анкара, Астана и Делхи за досегашната помош, како и асистенцијата на МНР...

Ве гушкаат Силве&Тони - Одиме понатаму...

Back To Top