Марката Diablo го претставува врвот на брендот Pirelli во индустријата за пневматици за мотоцикли, дознајте повеќе за новиот DIABLO ROSSO III.

index 1

Улога и место на пазарот

rosso3 1Марката Diablo го претставува врвот на брендот Pirelli во индустријата за пневматици за мотоцикли. Фамилијата Diablo еволуираше доста брзо од нејзиното прво претставување во 2002 година во одделот „Supersport“ . Сега таа е распространета во голем дел од други сегменти на пазарот.

Diablo зад себе има 13 годишно искуство, технологија и победи на престижни тестови и натпреварувања.

Тие се главен избор на врвните производители на мотоцикли. Сите познати списанија ширум светот го користат производите од Diablo како референца за квалитет. Од оваа богата историја настана и новиот DIABLO ROSSO III.

Шара

rosso3 2Шарата на новиот DIABLO ROSSO III потекнува од добро познатиот и високо ценет натпреварувачки пневматик, DIABLO Supercorsa. Од Pirelli сметаат дека е важно да се задржи карактеристичната шара како израз на конкурентноста. Дизајнот на шарата е доста ефективен за брзо отстранување на водата и со тоа го прави DIABLO ROSSO III исклучително безбеден и квалитетен пневматик за влажни услови. 

Состав

rosso3 3Задната гума е би-компонентна, со профил кој е поделен на 40-20-40%. Страничната компонента која е со високи перформанси покрива 80% од целата гума, останатите 20% кои се во средината на гумата се изработени од компоненти кои ја зголемуваат издржливоста и ја подобруваат стабилноста.

Придобивки

rosso3 4DIABLO ROSSO™ III значително го подобрува управувањето, истовремено нуди зголемени перформанси на мокри услови и поголема издржливост. Гумата нуди конзистентни перформанси во текот на целиот животен циклус.

Новиот профил и компоненти од кои е изработена гумата се од врвна технологија. Иновативната структура, шарата како и самата компонента се изведени директно од фантастичната DIABLO™ Supercorsa.

Во Македонија пневматиците Diablo Rosso III се достапни кај увозникот Скај Мото за цена од 320 евра за сет.

Back To Top