Домашни

Новото Ducati Panigale V4 и V4 S пристигна во Скопје

Со 212кс, нова рамка во стилот на MotoGP мотоциклите и една од најнапредните електроники во светот, овој мотоцикл ќе го замени 1299 Panigale во супербајк линијата на Ducati и ќе ја формира основата за борбата за титула во WSB во 2019.

Следете нè на:

 

Денеска во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа првите примероци од новиот Ducati Panigale V4 и екслузивната верзија V4 S. Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл за оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто во Милано.

Новиот супербајк не само што импресионира со новиот изглед туку и секој негов дел претставува уметност сама по себе. 1,103 cc V4 мотор кој има компоненти од магнезиум е соединет со нова шасија која Ducati ја нарекува „Front Frame“.

Ова е првиот мотоцикл за масовно производство на Ducati кој има четири-цилиндричен мотор. Изработен во соработка со техничарите и возачите на Ducati Corse, тој користи работи кои доаѓаат директно од тркачките мотоцикли, пред се во однос на дизајнот и архитектурата. Редовен сервис треба да му се направи после 12.000км, а проверка на вентилите после 24.000км. Неговата моќност може дополнително да се зголеми доколку му го додадете новиот, титаниумски издув од Акрапович.

Моторот е наместен под агол од 42 степени, исто како и кај мотоциклите во MotoGP. Ова е направено со цел да има рамномерна распределба на тежината. Воздухот до моторот стигнува преку четири отвори кои имаат дијаметар од 52mm. Со тежина од 64.9 килограми, тој е само за 2.2 килограми потежок од моторот кој го има 1285cc Superquadro V-twin.

Неколкуте контроли за сопирање се изработени директно на патеката со помош на официјалните и тест возачите на Ducati. Тие се инкорпорирани во три режим, тркачки, спортски и улични и можат да се прилагодат преку напредната TFT табла.

Воведувањето на 6D IMU му овозможи на „Ducati Slide Control (DSC)“  кој е изработен во соработка со Ducati Corse, да биде додаден на контролата на тракцијата (DTC EVO). Новиот систем му овозможува на возачот поголема контрола над моќноста на мотоциклот како и поголема контрола при излегување од свиок. DSC има два различни сетинзи: менувањето од првото на второто ниво овозможува поголема контрола над мотоциклот кога се навалувате на една или друга страна. Доколку сакате да ги промените неговите вредности, тоа можете да го направите преку таблата или преку копчето кое се наоѓа на левата страна на мотоциклот.

Прочитајте повеќе: Прво возење - Ducati V4 Panigale е едноставно неверојатен

Електронскиот пакет на Panigale V4 вклучува:

ABS Cornering Bosch EVO

Ducati Traction Control EVO (DTC EVO)

Ducati Slide Control (DSC)

Ducati Wheelie Control EVO (DWC EVO)

Ducati Power Launch (DPL)

Ducati Quick Shift up/down EVO (DQS EVO)

Engine Brake Control EVO (EBC EVO)

Ducati Electronic Suspension EVO (DES EVO)

Цената на новиот модел во Динамикс изнесува 23.900 евра за V4, и 28.900 за V4s моделот.

Би можело да ве интересира

Крајот на сезоната е одлична можност да се опремите со нова кацига по навистина поволна цена.

Марк Маркез се доближи еден чекор поблиску до освојување на титулата откако имаше импресивен настап пред домашната публика на трката која се возеше во Арагон.

Марк ми ја уништи трката, ми ја повреди ногата. Знае дека погреши! - Хорхе Лоренцо

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!