Во салонот на Јамаха во Скопје се изложени новите модели MT-09 SR и XV950R.

mt09-2014-1

Во салонот на Јамаха во Скопје се изложени новите модели MT-09 Street Rally и XV950R.

Новата Yamaha MT-09 Street Rally е мотоцикл кој е опремен со најновата јапонска технологија, направен да ви овозможи уникатно доживување секојпат кога ќе се качите на него.

MT-09 Street Rally доаѓа со нов изглед, компоненти на шасијата кои ги нема на „обичната“ верзија, различен резервоар, нова графика и по рамно седиште.

Агрегатот е четворотактен со водено ладење и три цилиндри со зафатнина од 847cm3 кој развива 115кс. Мапиран за функционалност низ сите 6 брзини и подготвен од фабрика за опционалниот Акрапович издув. 

Во салонот на Јамаха во Скопје е изложен и новиот XV950R.

XV950R-2014-1

Со својот класичен стил, изглед на лошо момче и гласен издув новиот XV950R има се што му треба за да се одвои од останатите мотоцикли во неговата класа. Во однос на бобер стилот кој е мешавина на олд скул и модерен дизајн нам посебно ни се допаѓа чистиот изглед на резервоарот и ретро фарот.

Четвротатктниот агрегат со два цилиндри има зафатнина од 942cm3, развива 52кс. Петостепениот менувач одлично си ја врши функцијата, а новитет се т.н. 3D мапи кои ги има во XV950R. Благодарение на нив подобрена е работата на моторот и потрошувачката бидејќи го регулираат палењето и инјектирањето на бензинот.

За повеќе информации посетете го салонот на Јамаха во центарот на Скопје зад АМСМ.

Back To Top