22
Нед, Јан
Домашни

Ноќни Волци: 10-ти јубилеен „Интернационален мото фестивал“

Во периодот 26-28 август мото клубот Ноќни Волци го организира својот 10-ти јубилеен мото фестивал на Скопско Кале.

Следете нè на:

 

Во периодот 26-28 август мото клубот Ноќни Волци го организира својот 10-ти јубилеен мото фестивал на Скопско Кале.

poster nw 2016

На годинешниот мото собир Ноќни Волци ќе посветат големо внимание на безбедноста. Имајќи ги во предвид големиот број на жртви во текот на целата година, клубот ќе го адресира проблемот како кај останатите учесници во сообраќајот, така и кај самите моторџии кои возат несовесно.

Во сабота (27-ми август) во 17 часот со старт од местото на одржување на собирот ќе се формира колона со мотоцикли која ќе го обиколи Скопје. За време на парадата низ главниот град ќе се направи и куса пауза на која ќе се прочитаат залагањата на организаторите за поголема безбедност и намалување на бројот на мотоциклисти кои се жртви од сообраќјните незгоди.

Мото клубот Ноќни Волци ги повикува сите клубови од земјава да присуствуваат на дефилето, целта е да направиме колку што е можно поголема колона, да ја зголемиме свесноста на останатите учесници во сообраќајот, да видат дека не има и дека постоиме.

Ќе се обидеме да ја направиме нај долгата колона на мотоциклисти која се формирала во Македонија, за таа цел ќе треба сите да помогнеме со почитува ње на редот. Важно да се вози во една лента, по два мотора во ред и според брзината која ќе се диктира.

Клубот ќе понуди и паричен надоместок за гориво за клубовите кои ќе бидат нај масовни во парадата. Картички за гориво со вредност од 150 евра за најбројниот клуб, 100 евра за вториот и 50 евра за третиот клуб според бојот на учесници.

На самиот простор на Кале е обезбеден бесплатен простор за кампинг. Доколку планирате да пиете, немојте да возите!

Како што велат и самите во најавата:

10 ГОДИНИ НОЌНИ ВОЛЦИ-МАКЕДОНИЈА
10 ГОДИНИ ДЕЛ ОД НАЈМОЌНИОТ РУСКИ КЛУБ НОЌНИ ВОЛЦИ
10 ГОДИНИ НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД МОТО КЛУБ
10 ГОДИНИ ДЕЈСТВО, ДОВОЛНА ПРИЧИНА ДА ГИ ПРОСЛАВИМЕ ЗАЕДНО НА СКОПСКОТО КАЛЕ 26, 27 И 28 АВГУСТ 2016.
ДОБРЕДОЈДЕНИ СЕ СИТЕ
СИТЕ КОИ ЗНААТ ДА ЈА ПРЕПОЗНААТ ВИСТИНАТА, ИСКРЕНОСТА, ХУМАНОСТА, БРАТСТВОТО, ДРУЖБАТА, ДОБРАТА МИСЛА И ДОБРАТА ЗАБАВА
КОЈ НЕ ЗНАЕ, И КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ ДОМА, ЌЕ МУ РАСКАЖАТ

Се гледаме на Кале!

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!