19
Вто, Сеп
Домашни

Нема ни за лек од новите таблички за мотори

novi-tablici-500

Табличките за мотори, оние во коцкеста форма, но и пробните наменети за новите автомобили, по месец и половина од нивната официјална презентација недостасуваат во магацините на МВР и во оние на техничките станици..

Следете нè на:

 

novi-tablici-500

Табличките за мотори, оние во коцкеста форма, но и пробните наменети за новите автомобили, по месец и половина од нивната официјална презентација недостасуваат во магацините на МВР и во оние на техничките станици.

Граѓаните кои ја контактираа Редакцијата се жалат дека новите таблички, освен во стандардната форма, се уште ги нема по станиците за технички прегледи каде се врши регистрација на автомобилите.
- Неколку пати се обидувам да го регистрирам својот мотор од 50 кубни сантиметри, но за жал секогаш без успех. Јас треба да извадам трајна регистерска табличка во коцкеста форма. Секогаш кога ќе се јавам во МВР, добивам одговор дека едноставно немаат во залиха на таблички во формата која мене ми е потребна да ја вметнам на својот мотор, раскажува револтиран скопјанец.

Граѓанинот објасни дека не бил единствен кој мака мачел со набавка на новите таблички. Соговорникот раскажа дека познавал многумина сограѓани кои се нашле во слична ситуација, тие нему му ги раскажале маките и му објасниле дека за табличка ќе морал да почека најмалку еден месец пред да ја подигне.

Ваквиот недостаток на таблички ни го потврдија и скопската станицата за технички преглед Супер Ауто Контрол".
- Регистрации за мопеди до 50 цм3 немаме. За сите останати категории на регистарски таблички сме снабдени доволно и навреме. Не ја знаеме причината зошто досега не сме добиле од ваков тип, но се надеваме уште во текот на неделава ќе бидеме снабдени од МВР со ваков вид таблички, велат од станицата за технички преглед.

Приказните кои ни ги раскажаа граѓаните, а потоа беа потврдени од вработените во техничката станица не се поклопуваат пак со официјалните информации кои вчера ни доставија од МВР.
Од таму беа децидни дека регистерски таблички има повеќе отколку што се реалните потреби на граѓаните.
- Од 20 февруари кога всушност започна промената на табличките па до ден-денешен доставени се речиси приближно 8000 нови таблички до надлежните станици каде се вршат техничките прегледи и регистрацијата на возилата, вели портпаролката на скопската полиција Лиза Бендевска.

Таа објасни дека всушност било сосема можно и нормално некаде во некоја техничка станица најверојатно поради настанатата гужва да недостасува по некоја табличка.
- Иако досега МВР не е запознаено со ваквата ситуација на недостаток на регистерските пробни таблички и оние во коцкеста форма сепак ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи и да почекаат ако е потребно некој ден за да си набават регистерска табличка, истакна Бендевска.
Инаку, измената на постојните регистарски ознаки требаше да почне во 2008 година, откако претходно беше усвоен правилник за регистарски таблички, но процедурата беше одложена за подобри времиња. Цената на новите таблички изнесува 1200 денари, а се издаваат доколку возилото за прв пат се регистрира на територијата на Македонија, при промена на регистарско подрачје или при замена на изгубена регистарска табличка.

Извор: Вечер

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!