Домашни

Најава: Winter party MK Bears

Мото клубот Мечки од Куманово ја организира првата мото забава во сезоната на 21-ви февруари (сабота) со почеток од 20 часот во кафе барот „Fransh“ во Куманово.

Следете нè на:

 

10995889 376864059153410 1757004508268038845 nЗимска забава на мото клубот Мечки од Куманово

Мото клубот Мечки од Куманово ја организира првата мото забава во сезоната на 21-ви февруари (сабота) со почеток од 20 часот во кафе барот „Fransh“ во Куманово.

Иако претходно забавата беше закажана во кафе барот „Moskow“, заради технички причини истата е преместена во непосредна близина, во „Fransh“. Во прилог и мапа до новата локација за забавата:

10491246 376863349153481 5039187901326590855 nЛокацијата на „Fransh“

За музиката ќе се погрижи бендот Overload, МК Мечки важат за одлични домаќини па во комбинација со убавото време наша препорака е да не ја пропуштате забавата. Поканата од домаќините е отворена за сите моторџии, љубители на моторите и добрата рок свирка, а влезот е бесплатен.

 

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!