Мото клубот „SONS of Thunder MC“ од Прилеп го организира настанот „Meet and Greet“ пред Новогодишните празници. Во продолжение го пренесуваме соопштението од клубот:

Пред Новогодишна средба со граѓаните, во општеството во кое живееме и нашиот бенефит кон истото спроведувајќи ја мото-културата. Да споделиме заедно среќа, насмевка и радост. На нашиот штанд обезбеден е бесплатен топол чај за сите кои ќе не посетат, а за најмалите и подароци од клубот. Бидете и Вие дел од тоа!

Се гледаме во сабота на 26.12.2015 од 10.30 до 13.30 час на плоштадот Александрија во Прилеп.

Back To Top