22
Пон, Мај
Домашни

Најава: Мото фестивал Прилеп 2014

Мото клубот Рисови од Прилеп на 23-ти и 24-ти август го организира Мото фестивалот Прилеп 2014.

Следете нè на:

 

Мото клубот Рисови од Прилеп на 23-ти и 24-ти август го организира Мото фестивалот Прилеп 2014.

risoviМото клубот Рисови од Прилеп го организира 5-от мото фестивал

Со почеток од 18 часот во сабота (23.08) пред споменикот на Александар Македонски на плоштадот Александрија во Прилеп ќе започне 5-от мото фестивал Прилеп во организација на МК Рисови.

Поканата е отворена за сите љубители на моторите, добрите забави, музика и ладното пиво.

Агенда за Мото фестивалот Прилеп 2014

23.08.2014

- Пристигнување на гостите – моторџиите од 16,30 до 18,00 часот на 23.08.2013 година
- Мото дефиле низ Прилеп според приложената рута од 18,00 до 18.30 часот 
- 18,30 часот Пристигнување на Могилата на непобедените.
- 18,30 до 21,00 часот забавен дел и игри на учесниците ( туркање на рака, блечење најаже, фрлање на гума, пиење на пиво, и слични игри)
- 21,00 до 21,15 часот најава и отворање на фестивалот од страна на Председателот на Клубот и поздравен говор од Грдаоначаникот на Прилеп Маријан Ристески.
- 21,15 до 03.00 часот - Забавна програма со музички групи

24.08.2014

- 11,00 до 12,30 часот напреварувачки дел во техники на возења на Булеварот Гоце Делчев.
- 13.30 Затворање на фестивалот и доделување на награди на победниците и благодарници на учесниците и спонзорите.

- Во текот на 23.08.2014 година можна е и организација на крводарителска акцијакоја треба да ни ја одобрат од Мин. За Здравство и за истата чекаме потврден одговор. 

Организациски одбор на МК РИСОВИ МАКЕДОНИЈА

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Оф роуд мотоциклите ќе бидат забранети во некои делови од Дубаи со цел да се намали асоцијалното однесување.

Фабричкиот тим на Red Bull KTM, само што објави дека нивниот професионален возач, Рајан Данџи, одлучил да се повлече од натпреварувањето. Објавата следува кратко откако тој ја освои својата трета последователна титула во AMA 540SX шампионатот, притоа возејќи со фабричката верзија на 450 SX-F.

Возењето на Супермото е можеби едно од најинтересните работи што можете да ги направите на две тркала. Мотоцикли за нерамен терен опремени со улични гуми, супермото нуди одлична услови за возење низ град како и можност за вежбање на вашата техника на некоја пониска платформа.

Конечно пристигнаа! КТМ ги претстави првите двотактни мотоцикли со директно вбризгување на горивото кои имаат EXC TPI (Transfer Port Injection)

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!