thumb_Moto-Beach-Party-2011-42Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес.

Moto-Beach-Party-2011-42

Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес. Како што беше пракса и во изминатите две години, повторно ќе се вози и дефилето низ Велес кое примамува голем број на љубители на моторите, а годинава ќе започне во 18 часот.

Вечерта е резервирана за забава со повеќе рок бендови, добро познатите „Day Off“, „Cross Road Blues Band“ и „Blue Sky“ се најавени од организаторот, а како што ни е познато секоја година се случува и изненадување кога е во прашање музиката.

Забавата која веќе прерасна во традиција и годинава ќе го носи мотото „Носи кацига, биди безбеден“. Цената на влезницата како и до сега е 100 денари од мотор, а сите средства ќе бидат донирани на децата со посебни потреби.

За слики од претходните забави на Cross Bearers кликнете овде:



Back To Top