Motul го претстави новото средство за внатрешно чистење на моторот и системот за гориво во текот на зимската сезона.

Motul Fuel System Clean, Motul Fuel System Clean Scooter како и Motul Engine Clean професионално ги подготвуваат мотоциклите за зимската сезоната, овозможувајќи им на возачите кои прават пауза во текот на зимата безбедно да ги остават своите љубимци на две тркала.

За возачите кои едноставно не сакаат да возат во зимскиот период, Motul ги советува своите клиенти да користат Motul Fuel System Clean. Средство кое го чисти системот за гориво кај мотоциклите со 4 ­тактен агрегат, тој е многу ефикасен против остатоци во комората за согорување и на вентилите, запушување на карбураторот, дизните, како и за кондензацијата во системот за гориво.

Motul Fuel System Scooter е специјално дизајниран за 2 и 4 тактни скутери. Доволно е да ставите само една конзерва од ова средство додека го полните резервоарот.

Motul Fuel System Clean може да се најде во Македонија во продажната мрежа на Мотул по цена од 590 денари.

Пред да се одморите од возење во текот на зимата, 4 тактните мотоцикли треба дополнително да се третираат со Motul Engine Clean, средство за внатрешно чистење на моторот. Ова средство треба да се стави пред да го промените маслото. Тоа ги чисти и отстранува остатоците кои се создаваат при нормална работа.

Благодарение на овие производи, мотоциклите се совршено заштитени од корозија и предвремено стареење. На овој начин, ништо нема да ви застане на патот и ќе имате одличен старт во новата сезона.

Back To Top