Во хуманитарната акција на Канал 5 активно учество земаа членовите на мото клубот Мото Скопје, кои донираа средства за загрозените семејства од поплавените подрачја во Македонија.

10968412 10203848297674308 8197771633458139557 n

Во хуманитарната акција на Канал 5 активно учество земаа членовите на мото клубот Мото Скопје, кои донираа средства за загрозените семејства од поплавените подрачја во Македонија.

На акцијата која беше најавена пред неколку дена на Канал 5 телевизија се одзваа голем број на граѓани, а момците од Мото Скопје ја одбранија честа на моторџиите со учеството во хуманитарната акција, како што покажале и многупати до сега тука се секојпат кога треба да помогнат.

10968393 10203848218792336 4237422761931557269 n

Мото клубот Мото Скопје донираше 1.5 тони вода, тоалетна хартија, шампони, кебиња, облека и други средства кои им се потребни на засегнатите семејства во поплавените региони. Како што истакна и претседателот на Мото Скопје, Зоран Јовевски, за клубот ова не е прва акција, тие се редовни донатори на помош во пензионерскиот дом во Бардовци. 

Дополнително на акцијата во отворената програма на Канал 5 која траеше околу 2 часа беа забележани 15.000 повици на броевите за донации со што се собраа околу 25.000 евра, средства кои ќе бидат донирани на загрозените семејства. Во акцијата се вклучија и бизнисмени, здруженија и организации но според првичната проценка за санација на штетите ќе бидат потребни околу 500.000 евра.

Back To Top