26
Нед, Фев
Домашни

Мото пазарот во Македонија добива премиум мото акумулатори по пристојни цени

Светски познатиот бренд на акумулатори Exide од оваа сезона започнува со продажба на акумулатори за мото сегментот во Македонија.

Следете нè на:

 

Светски познатиот бренд на акумулатори Exide од оваа сезона започнува со продажба на акумулатори за мото сегментот во Македонија.

Exide акумулаторите се наменети за широк спектар на возила вклучувајќи мотоцикли, скутери и квадови. Линијата на Exide акумулатори за мотоцикли се поделени на три сегменти кои обезбедуваат зголемување на перформансите и технолошките иновации. Тие се дизајнирани да ги задоволат потребите на различните корисници. Линијата е дизајнирана за да овозможи сигурен старт, повеќе флексибилни опции за инсталација, и подолг живот од традиционалните акумулатори.

Exide bike reklamaАкумулаторите „Exide“ за мотоцикли од сега се достапни и во Македонија

„Factory Sealed“ програмата е достапна во „AGM“ или „Gel“. Двата типа на акумулатори не бараат полнење со киселина или оддржување, истовремено тие нудат одлични перформанси дури и во екстремни услови. Exide „Factory Sealed Gel“ е дизајниран за мотоцикли со високи перформанси како и мотоцикли со електрична инсталација која има поголема потрошувачка (греачи во седиштето, ГПС уреди...) Гел технологијата е пронајдок на „Exide“, а сега важи за златен стандард во индустријата.

Преку апликацијата Tech Dock можете он-лајн да проверите кој акумулатор му одговара на вашиот мотоцикл.

„Exide“ ги произведува и акумулаторите од програмата на „AGM“ за кои не треба никакво оддржување. Тие се идеални за повеќето мотоцикли, вклучувајќи ги и поголемите скутери. Традиционалните акумулатори на „Exide“ се дизајнирани за употреба во постари модели на мотоцикли или мотоцикли со помала потрошувачка на струја.

EXIDE MC Conventional battery picture

EXIDE BIKE конвенционалните акумулатори се создадени за да се задоволат сегашните потреби на пазарот. Тоа се суво полнети акумулатори со течен електролит. Неопходно е формирање пред првата употреба. Хибридна технологија (Sb - Ca). За некои модели, електролитот (акумулаторската киселина) не е вклучена во пакетот! 12V модели со капацитет од 3Ah до 30Ah. Наменети се за постарите мотори и за мотори со стандардна опрема. Позиција на инсталација: само директно.

AGM12 5132 EXIDE AGM е технологија на производство со апсорбиран електролит (AGM). 12V модели со капацитет од 2.3Ah до 18Ah. После инцијалното оформување, не е потребно никакво одржување. Електролитот за почетно формирање се наоѓа во внатрешноста на пакувањето. Многу поголема стартна моќност во споредба со конвенционалните акумулатори. За новите модели на мотори и за мотори со повеќе опрема. Можност за инсталирање во било која положба. По иницијалното формирање - потполно херметички затворен, без можност за истекување на киселината. Продолжен животен век во споредба со стандардните акумулатори. Ca - Ca технологија.
bmw exide EXIDE GEL е технологија на производство со електролит во GEL состојба. 12V модели со капацитет од 19Ah i 30Ah, фабрички формирани и веднаш спремни за употреба. Не содржи течен електролит! Погоден за употреба во зимски услови. Многу поголема стартна моќност во споредба со конвенционалните акумулатори. Голема отпорност на длабоко празнење и долгогодишно складирање. Фабрички акумулатор за најновите модели на BMW мотори. Можност за инсталирање во било која положба. Продолжен животен век во споредба со стандардните акумулатори, Ca - Ca технологија.

За Exide

Exide акумулаторите се производ на еден од најголемите и најпознатите светски произведувачи на акумулатори, Exide Technologies – USA. Прозводството на акумулатори во Европа е поделено во 4 фабрики: (Италија, Полска, Шпанија и Германија). Exide акумулаторите се користат при првата инсталација кај следните произведувачи на мотоцикли: BMW, Ducati, Harley, Piaggio, Motoguzi, Yamaha, Honda... итн. Во Македонија, Exide во останатите сегменти е присутен од 2008 година но од оваа сезона увозникот започнува и со продажба во програмата на мотоциклите.

Exide е спонзор во Мото2 шампионатот на тимот „Technomag-Interwetten“. За Швајцарскиот тим вози Доминик Агертер кој во 2014 година ја забележа првата победа во Мото2 на Германското Гранд При. Во моментов тој се наоѓа на петтата позиција во генералниот пласман во Мото2 по две извозени трки.

Продажната мрежа веќе ја покрива целата држава, преку веб сајтот можете лесно да ја лоцирате најблиската продавница во која можете да ги најдете акумулаторите на Exide. Акумулаторите за мотоцикли доаѓаат со гаранција која во зависност од моделот се движи од 6 до 12 месеци.

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!