Домашни

Мото маскенбал: Награди за бандитот, попот и бетмен

Мото маскенбалот кој го организиравме во соработка со АРТ Картинг Центарот во Скопје им донесе награди на тројцата најбрзи возачи кои беа маскирани.

Следете нè на:

 

IMGP3510Награди за најбрзите маскирани моторџии :)

Мото маскенбалот кој го организиравме во соработка со АРТ Картинг Центарот во Скопје им донесе награди на тројцата најбрзи возачи кои беа маскирани.

Иако звучи како виц, наградите на маскенбалот ги собраа Бандитот, Попот и Бетмен.

Маскираните моторџии кои по 20 часот пристигнаа во АРТ Картин Центарот свртеа кругче низ центарот на градот, а по кусата пауза на плоштадот Македонија се вратија назад во GP Cafe каде се возеа картинг трките.

По две извозени трки ги добивме тројцата најбрзи натпреварувачи, кои потоа возеа ист картинг на кој му беше мерено времето по што беа одлучени победниците.

Лука Лукановски (маскиран во бандит) имаше најдобро време и доби 4 литри моторно масло, второпласираниот Дамјан Карловски (маскиран во поп) доби 2 литри масло, а Перо Јордановски (Бетмен) си доби спреј за ланец.

Во продолжение и мала галерија од вчерашните случувања:

comments

Би можело да ве интересира

Индијците претставија концепт на хибриден крузер кој се надеваме дека ќе го видиме во продукциска фаза.

Живееме во време кога речиси сѐ можете да купите преку интернет, освен автомобили и мотоцикли. Но се чини дека ова второто наскоро ќе се промени откако Ducati најави дека подготвува специјален модел кој ќе може да се купи само преку интернет.

Ако сте личност која е позната по тоа што носи сомнителни одлуки и на располагање имате десетици илјади долари, тогаш ова е вашиот среќен ден.

Ренди Мамола ќе биде последното име кое ќе се најде на официјалната листа на MotoGP легенди.

Џастин Барсиа, кој во моментов се наоѓа на третата позиција во 2018 Monster Energy Суперкрос шампионатот потпиша договор со корпорацијата Yamaha Motor и ќе продолжи да вози за Monster Energy/Knich/Yamaha тимот и во останатиот дел од сезоната во Суперкрос шампионатот.

Уште откако почнав да следам МотоГП, постоеше силна врска меѓу Валентино Роси и Dainese. Деветкратниот светски шампион ја обожува нивната опрема, а бидејќи кацигите AGV се во сопственост на Dainese воопшто не не изненадува одлука за продолжување на одлуката, петта година по ред.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!