26
Пет, Мај
Домашни

Мото клуб ”Мечки” – добитници на Ноемвриска награда за посебен општествен придонес

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување нa награди и признанија која делува во рамките на Советот на Општина Куманово, денес донесе одлука, Ноемвриската награда да ја додели на седум субјекти, меѓу кои се вброи и кумановскиот Мото Клуб ”Мечки”. Наградата ја доделува Општина Куманово во чест на 11 Ноември – Ден на ослободување.

Следете нè на:

 

bears-macedoniaМото клубот Мечки од Куманово продолжува со успешната работа

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување нa награди и признанија која делува во рамките на Советот на Општина Куманово, денес донесе одлука, Ноемвриската награда да ја додели на седум субјекти, меѓу кои се вброи и кумановскиот Мото Клуб ”Мечки”. Наградата ја доделува Општина Куманово во чест на 11 Ноември – Ден на ослободување.

Ноемвриската награда доаѓа како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во општествениот живот на Куманово, а причините за добивање награда за Мото Клуб ”Мечки” се повеќе од познати за кумановската и поширока јавност. Ангажманот на кумановскиот клуб ”Мечки” вбројува многу годишни активности, рок концерти, дефилеа но, секако, една од најважните мисии на овој клуб е безбедноста, како и подигање на свеста за безбедност во сообраќајот за сите учесници, но и почитување на учесниците на две тркала од страна на возачите на патнички моторни возила.

dedo-mraz-6Годинава по шести пат успешно беше организирана акцијата „Дедо Мраз на мотор“

Во таа чест, Мото Клуб ”Мечки” денес напладне организираше и мало дефиле низ кумановските улици, како знак на славење и искажување благодарност до Општина Куманово за укажаната доверба и доделување на високопризнената ”Ноемвриска награда”.

За претседателот на мото клубот ”Мечки”, Јовица Гиновски, наградата за сите членови на клубот претставува чест и мотив повеќе да бидат уште поприсутни во целосниот општествен живот на Куманово.

Нашиот ангажман на општествено ниво е можеби скромен, но значаен за граѓаните на Куманово, а тоа го докажа и доделената Ноемвриска награда. Досега имаме спроведено бројни акции, како хуманитарни, така и акции за подигање на јавната свест кај учесниците во сообраќајот. Тука би ги вбројал акциите ”Дедо Мраз на мотор”, која ја организиравме по шести пат оваа година за доделување новогодишни пакети за штитениците во Дневниот центар за деца со посебни потреби, потоа активностите спроведени заедно со Отсекот за превенција при СВР Куманово и наставата за “Сообраќајна поука”, придонес во акцијата за помош на поплавените подрачја во Србија и БиХ, кампањата спроведена на локално ниво во содејство со СВР Куманово и секторот за сообраќај под име ”Заедно сме побезбедни”вели Гиновски

Секако, печат во 2014 година остави хуманитарната акција Во организација на Мото Клуб ”Мечки” од Куманово и Еуро Бајкер од Германија, при што на 31 мај, во кумановската Општа Болница пристигна големата хуманитарна пратка од пет товарни возила – шлепери, наменета за помош на болницата, Домот за стари лица ”Зафир Сајто”, како и за Дневниот центар за децата со посебни потреби до 18 години.

Извор: Кумановски Муабети

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!