27
Чет, Апр
Домашни

МК Мотори: Успешна прва акција „Дедо Мраз на мотор“

Мото клубот Мотори од Скопје успешно ја спроведе својата прва акција „Дедо Мраз на мотор“ со која им беа поделени новогодишни пакетчиња на децата со оштетен вид од домот „Димитар Влахов“.

Следете нè на:

 

motori dedo mraz 100Мото клубот Мотори од Скопје успешно ја спроведе својата прва акција

Мото клубот Мотори од Скопје успешно ја спроведе својата прва акција „Дедо Мраз на мотор“ со која им беа поделени новогодишни пакетчиња на децата со оштетен вид од домот „Димитар Влахов“.

Во духот на новогодишните празници, мото клубот Мотори од Скопје и нивните пријатели се обидоа барем на момент да им ја вратат насмевката на децата и младите од домот „Димитар Влахов“ во Скопје. Според она што имавме прилика да го видиме, не само што успеаа во тоа туку започнаа и една убава традиција која се надеваме дека ќе ја негуваат уште долги години.

motori dedo mraz 58Дедо Мразовците со своите мотори донесоа пакетчиња за сите дечиња

По собирот во едно од локалните кафулиња поворката тргна кон домот каде не пречекаа штитениците на дневниот центар кои беа воодушевени од моторите, но секако и од Дедо Мразовците кои донесоа пакетчиња за сите нив. Иако температурата на воздухот беше под нулата, топлината од насмевката на дечињата им го разубаве денот на сите присутни. Ниту средствата кои се издвоија, ниту студот кој ги тресеше нозете на моторџиите не беше пречка за некој да се поколеба, бидејќи детската насмевка е бесценета.

Во својство на под-претседател на клубот Мотори во „Димитар Влахов“ се појави и Игор Џамбазов кој со своето присуство само ја надополни одличната слика. По делењето на пакетчињата моторџиите имаа прилика да ги погледната честитките и украсите кои за нив ги изработија децата и притоа да донираат средства.

motori dedo mraz 92Големината на моторџиското срце на дело

Во име на целиот тим од дневен центар за деца со оштетен вид би сакале да Ви се заблагодариме за спектакуларниот настан. Ви благодариме што му пркосевте на студеното време за да ја покажете вашата димензија на хуманост. Ви благодариме што ни дозволивте да ве видиме со срцата. Огромна почит кон Вас, Големи Луѓе. - Јасмина Блажовска, „Димитар Влахов“

Од МК Мотори дадоа збор дека овој настан ќе прерасне во традиција, и дека секоја година ќе се трудат во што поголем број да го посетуваат центарот. 

За целата галерија од настанот кликнете овде.

Мото клубот Мотори од Скопје со ова се приклучи кон клубовите кои преку акцијата „Дедо Мраз на мотор“ им ги прави незаборавни новогдишните празници на различни категории на деца.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!