Акцијата ќе се одржи на 23-ти декември (среда) со почеток од 12 часот во домот во Кисела Вода. Претходно членовите на клубот од 11.30 ќе се соберат во Quatro Caffe од каде заедно во колона ќе возат до „Димитар Влахов“.
Слика од првата акција на МК Мотори
Како и минатата година маестро Игор Џамбазов во својство на поддржувач на клубот Мотори ќе се обиде да ја надополни атмосферата за која не се сомневаме дека ќе биде одлична. За дечињата мото клубот обезбеди пакетчиња, а насмевката која ќе ја добијат за возврат е доволна за да ги стопли од надворешните температури.
За галеријата од минатата година кликнете овде.
Доколку сте во можност, можете да се приклучите во активностите на клубот, во 11.30 со својот мотоцикл бидете облечени во Дедо Мраз кај Quatro Caffe во Кисела Вода.
Би можело да ве интересира
По вчерашните возбудливи квалификации, стјуардите на ФИМ одлучија да го казнат Маркез заради неговото небрежно возење и тој вечерашната трка ќе ја започне од четвртата позиција.
Третата трка од годинешниот МотоГП шампионат викендов се вози во САД.
Ducati најави серија на мерки кои ќе ги применат на нивните модели, при што ќе се користи и напредна електроника, за да се подобри безбедноста на возачите.
Дали Бредли Смит ќе ја оправда довербата од КТМ и ќе остане и понатаму во тимот?
Имаме една добра вест за сите фанови на МотоГП. Дани Педроса доби дозвола за настап од докторите и ќе биде дел од трката која овој викенд ќе се оддржи на патеката во Остин, Тексас.
Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.