24
Пет, Мар
Домашни

МФМ ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2012 и 2013

Мотоциклистичката Федерација на Македонија на вчерашната церемонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2012 и 2013 година.

Следете нè на:

 

mfm-2014-166Признанија за најдобрите во мото спортот за 2012 и 2013 година

Мотоциклистичката Федерација на Македонија на вчерашната церемонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2012 и 2013 година.

Прогласувањето се одржа во преполната конференциска сала во „Борис Трајковски“, каде присутни беа претставници од повеќе мото клубови од земјава и поединци заслужни за мото спортот во изминатите две години.

На церемонијата свое обраќање имаше и претседателот на МФМ, Ленин Јовановски, кој во кратки црти ги сумираше активностите на Федерацијата и нејзиното работење во изминатиот период. Според зборовите на претседателот, федерацијата конечно излегува од кризата односно лошата финансиска состојба во која беше до сега. 

Признанија им беа доделени на возачите од домашните првенства во мотокрос и ендуро, додека пак за настап на меѓународна сцена освен овие две категории беа доделени признанија и за супермото и трки на кружни патеки. Годинава признанија им беа доделени и на помагателите на МФМ - спонзорите, медиумите и заслужни поединци.

Евидентно е отсуството на трки од домашните шампионати во скутери, супермото и брзински мотоциклизам во изминатите две години, па се надеваме дека МФМ оваа сезона ќе направи напор да ги врати истите во календарите.

За целата галерија од прогласувањето кликнете овде.

Список на наградени натпреварувачи за 2012 и 2013 година

1. Баже Шишковски (Александар) Ендуро
2. Роберт Нушков (БрзКруг) Ендуро
3. Бојан Лазов (БрзКруг) Ендуро
4. Валентин Тошев (БрзКруг) Ендуро
5. Гоце Томовски (ГОГО) Мотокрос
6. Филип Кондратенко (ГОГО) Мотокрос
7. Игор Спиров (ГОГО) Кружни патеки
8. Ефтим Велјановски (ГОГО) Кружни патеки
9. Николчо Николов (Ендуранс тим) Кружни патеки
10. Ивица Гиновски (Ендуранс тим) Кружни патеки
11. Јован Јовановски (ЛТД Спортс) Мотокрос
12. Михаил Бајовски (ЛТД Спортс) Мотокрос
13. Борче Костов (ЛТД Спортс) Мотокрос, Ендуро
14. Никола Гулевски (ЛТД Спортс) Мотокрос, Ендуро
15. Јован Стојков (ЛТД Спортс) Мотокрос
16. Денко Манчески (ЛТД спортс) Мотокрос
17. Мирче Ќорнаков (ЛТД спортс) Мотокрос
18. Драган Ванов (Мото Велес) Ендуро
19. Горан Тасиќ (Мото Велес) Ендуро
20. Ѓоко Филиповски (Мото Велес) Ендуро
21. Виктор Ефремов (Мото Велес) Ендуро
22. Иле Шалев (Мото Велес) Кружни патеки
23. Фазли Ислами (Мотокрос Шари) Мотокрос
24. Амир Амети (Мотокрос Шари) Мотокрос, Ендуро
25. Ивица Милошевиќ (Мотори) Ендуро
26. Александар Петровски (Мотори) Ендуро
27. Зоран Трајковски (Мотори) Кружни патеки
28. Христиан Станковиќ (Мотостарс) Мотокрос
29. Андријан Ристевски (Мотостарс) Мотокрос
30. Лука Ристевски (Мотостарс) Мотокрос
31. Благојче Спировски (Мотостарс) Мотокрос
32. Николче Тодоров (Мотостарс) Мотокрос
33. Виктор Вешоски (Ноќни волци) Кружни патеки
34. Христиан Илиоски (Пелистер) Мотокрос
35. Слободан Ивчески (Сакамото) Супермото
36. Марин Сугарев (Сакамото) Кружни патеки
37. Благоја Мартиновски (Сакамото) Кружни патеки
38. Сашо Николов (Тумац) Кружни патеки
39. Петрит Ѓерѓи (Албанија) Мотокрос
40. Виктор Ивановиќ (Црна Гора) Мотокрос

Список на наградени клубови за 2012 и 2013 година

1. МК Александар – Скопје (Ендуро)
2. МК Гого – Скопје (Мотокрос)
3. МК ЛТД спортс – Битола (Мотокрос, Ендуро)
4. МК Мото Велес – Велес (Ендуро)
5. МК Мотори ‐ Скопје (Ендуро)
6. МК Мотокрос Шари – Тетово (Мотокрос)
7. МК Мотостарс – Битола Мотокрос, Ендуро

 

comments

Би можело да ве интересира

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа новите модели на Vespa и Piaggio.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, ги брои часовите до неговиот деби настап во MotoGP

Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. 

Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!