23
Нед, Апр
Домашни

„MCC Sveti Nikole“ го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби

По повод празникот Свети Никола, членовите на Мото клубот „MCC Sveti Nikole“ организираа хуманитарна акција во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Следете нè на:

 

По повод празникот Свети Никола, членовите на Мото клубот „MCC Sveti Nikole“ организираа хуманитарна акција во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Празникот Свети Никола кој впрочем е и патрон на градот Свети Николе беше повод за момците од мото клубот Свети Николе повторно да ја покажат својата хумана страна. Настанот се поклопува со роденденот на центарот кој оваа година славеше 5 години од постоењето, а мото клубот по трет пат беше дел од хуманата акција.

Освен со своето присуство, членовите на клубот ги израдуваа штитениците на центарот и со овошје и кујнски апарати кои му беа потребни на центарот. Треба да се спомене и дека кон посетата се приклучија и неколку членови на мото клубот Мечки од Куманово.

Фото: Зоран Тасев

comments

Би можело да ве интересира

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Викендов на програмата е третата трка од МотоГП шампионатот која се вози на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, САД.

Според спецификацијата станува збор за мотоцикл кој развива неверојатни 212кс и има тежина од само 171 килограм!

Ако Вињалес го победи Маркез на оваа патека, тогаш може да го победи секаде. Но дали возачот на Honda ќе возврати?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!