Мото клубот Lone Knights MC на 9-ти февруари ќе биде домаќин на традиционалната зимска мото забава. Исто како и до сега, забавата ќе се одржи во барот „Салун“ во Скопје.

lkmc-2012

Мото клубот Lone Knights MC на 9-ти февруари ќе биде домаќин на традиционалната зимска мото забава. Исто како и до сега, забавата ќе се одржи во барот „Салун“ во Скопје.

Поканата е отворена за сите моторџии и пријатели на клубот, а имајќи ги во предвид минатите забави, не очекува одличен старт на новата сезона.

За разлика од минатата година кога снегот го имаше во изобилство, прогнозата за следниот викенд најавува облачно време но со температури над нулата, што нема да биде пречка да видиме паркирани мотори пред Салун. Најавата за присуство на многу гости од странство е резултат на одличните односи кои клубот ги има со нив, а имајќи ја во предвид и политиката на клубот на домашната сцена, очекуваме претставници и од сите македонски мото клубови.

Кликнете овде за слики од минатата година.

Салун веројатно ќе биде преполн, па не чекајте до последен момент да дојдете на забавата. Најважно, не заборавајте на датумот, 9-ти февруари, старт на мото настаните во Македонија.

Back To Top