29
Саб, Апр
Домашни

KTM повторно во Македонија, увозник е Динамикс

Австрискиот производител на мотоцикли КТМ повторно ќе биде застапен на македонскиот пазар преку увозникот Динамикс.

Следете нè на:

 

ktm dynamix 1Динамикс стана овластен увозник за KTM

Австрискиот производител на мотоцикли КТМ повторно ќе биде застапен на македонскиот пазар преку увозникот Динамикс.

По пауза од неколку години Динамикс е новиот официјален увозник на „портокаловиот“ мотор. Првите примероци од КТМ веќе се изложени во салонот на Динамикс во Скопје, а како што најавуваат од таму, наскоро ќе започне продажбата на делови како и овластен сервис за КТМ.

За цените на КТМ моделите во Македонија кликнете овде.

Моделите кои се веќе изложени се KTM Duke 200 (26ks) со 6 брзини кој ќе се продава по цена од 3990 евра. Неговиот поголем брат, KTM Duke 390 ABS (44ks) е достапен за цена од 5300 евра. KTM RC200 (26ks) се продава за 4390 евра, додека пак RC 390 ABS (44ks) може да биде ваш за 5500 евра.

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!