21
Пон, Авг
Домашни

Извештај: Cross Bearers - Moto Beach Party 2012

motori moto-beach-party-2012-41Третата по ред Moto Beach Party во организација на мото клубот Носачи на крстот од Велес во саботата се одржа на брегот на езерото Младост крај Велес.

Следете нè на:

 

moto-beach-party-2012-41

Третата по ред Moto Beach Party во организација на мото клубот Носачи на крстот од Велес во саботата се одржа на брегот на езерото Младост крај Велес. Масовноста на забавата која беше карактеристична на претходните две средби се повтори и годинава иако бројот на учесници не беше зголемен како што се очекуваше. Околу шестотини вљубеници во двете тркала се појавија на стартот на дефилето низ Велес, со кое требаше да се промовира мотото под кое секоја година се одржува овој собир: „Носи кацига - биди безбеден “.

Организаторот стори се што беше во негова моќ да го испромовира настанот, да го потенцира слоганот и сетоа тоа да вроди со плод, но како што можете да видите од сликите, слоганот остана само на хартија. Како и минатата година, на учесниците им беше по важно да бидат видени, отколку да го промовираат безбедното возење, па така 70 проценти од возачите беа без кацига. За среќа се случија само три инциденти без посериозни повреди, па повторно ќе споменеме, за среќа, учесниците немаа прилика на своја кожа да искусат колку е важно мотото на собирот.

Како и изминатите години, бројката на мотори која заминува на дефилето драстично е намалена при враќањето во кампот. Најголем број од учесниците остануваат во Велес, други си заминуваат веднаш отакако ќе бидат фотографирани, а има и такви кои воопшто не го ни возат дефилето. Нивната реакција е сосема оправдана ако се има во предвид дека можат ни криви ни должни да бидат удрени од зади (како што беше случајот со еден наш познаник) од „моторџии“ кои сметаат дека дефилето за безбедно возење  е вистинското место да се покажат.

moto-beach-party-2012-128„Носи кацига - биди безбеден“

Освен од Македонија, на забавата беа забележани гости од Бугарија, Грција, Србија па дури и еден моторџија од Австралија. Она што е за поздрав и што ја става оваа забава во групата на хумани мото настани, е тоа што 100-те денари за влезница се средства кои се донираат на луѓе на кои им е потребна помош.

На плажата пред хотелот Романтик следевме рок концерт на кој настапуваат  „Crossroad blues band “ и „Day Off“, професионален ди-џеј и неколку велешки групи кои за жал немаа вистинска публика. Дечките од МК Носачи на крстот се потрудија максимално околу техничката организација, бината и озвучувањето беше на висина на задачата, но заборавија на нешто што го сугерираме од првата забава. Кај нас колку повеќе простор ќе им оставиш на луѓето, толку повеќе ќе го искористат, па така од 400 моторџии кои беа присутни на забавата просторот пред бината постојано беше празен и се чинеше дека сме присутни на една од најслабо посетените мото забави. Секоја чест на исклучоците кои можеме на прсти да ги изброиме, оние кои го ценеа трудот на организаторот и кои беа дојдени да се забавуваат. Останатите се однесуваа како со пријателите да тргнале во кафана. Повеќе мото клубови на различни маси, секој си тера свој муабет...ресторанска мото журка. Како сите да беа дента договорени да одат во некој ресторан и се погоди сите да бидат во Романтик. Моторџии на секоја маса, а од мото забава имаше само мирис на скара и музиката од далечина.

Кликни овде за слики од Moto Beach Party 2012

На МК „Носачи на крстот“ им честитаме за трета забава, а на учесниците им порачуваме дека треба сите ние, заедно да се потрудиме да направиме нешто за оваа наша македонска мото сцена. За „Moto Beach Party“ да прерасне во квалитетна традиционална мото журка потребно е повеќе од седење и пиење во кафана.

 

comments

Би можело да ве интересира

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!