Мото Клубот Black Eagles утре на градскиот плоштад во Пробиштип организира хуманитарна акција за помош на нивниот сограѓанин Андреј Насевски.

Мото Клубот Black Eagles утре на градскиот плоштад во Пробиштип организира хуманитарна акција за помош на нивниот сограѓанин Андреј Насевски. Акцијата ќе се оддржи во периодот од 11 до 16 часот, а поканата е отворена за сите мото клубови и поединци кои имаат можност да излезат во пресрет.

12973420 1668509920076936 2035167152112054484 o

Во продолжени ја пренесуваме поканата од клубот:

Мото Клубот Black Eagles организира тридневна хуманитарна акција со почеток од 11.04.2016 до 13.04.2016 за нашиот сограѓанин и другар Андреј Насевски 16 години од Злетово кој боледува од ретка болест.

Единствен начин да му се помогне е трансплантација на матични клетки во Кина, за кој третман му се потребни 30.000 евра сума која за младиот Андреј и неговото семејство е недостижна без помош од сите нас.

Да му помогнеме сите на младиот Андреј да се врати во нормален живот, раст и развој како и пред се самостојно извршување на неговите секојдневни потреби.

Ние како Мото Клуб ке спроведеме акција со собирање на парични средства по сите приватни фирми и државни институции во понеделник и вторник, додека во среда акцијата ке продолжи на Градскиот Плоштад со хуманитарна манифестација со почеток од 11 до 16 часот.

Отворени се телефонските броеви за донации со чија цел Андреј би го добил соодветниот третман кој во моментов е едниствен излез од неговата состојба.
Телефонски броеви:
ONE 075-143-468
VIP 077-143-468
Трансакциска сметка на ТТК Банка АД Скопје 
290500015321273

Ги замолуваме сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат на градскиот плоштад и според нивните можности да донираат парични средства.

ДРАГИ СОГРАЃАНИ ДА ИЗЛЕЗЕМЕ МАСОВНО И ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ

Back To Top