Во салонот на Хонда во Скопје имавме прилика да се дружиме со новиот Honda VFR1200X

Знаете од каде почнува авантурата? Токму од таму каде што сте, или поточно од каде што седите. Секако, некои луѓе можат да се искачат на Еверест или да отидат на Антартикот за време на викендот.  Но вистинските авантуристи знаат дека секаде може да биде забавно. Особено ако сте на мотоцикл. Уште поточно, ако тој мотоцикл е Honda VFR1200X.

20180712 104704

VFR1200X е наменет за лица кои знаат дека авантура не значи само некое место кое ќе го посетите туку патот до таму. Ова е одлична машина со која можете да го истражите светот околу вас, а притоа да ви биде удобно и да го направите тоа со стил. Спортски, атлетски и елеантен како за возење низ град така и за на автопат.

Овој мотоцикл има и голем број на додатоци. Најважен е 1237cc V4 моторот со шест брзини. Плус имате и голем број на други работи кои можете да ги додадете и да го прилагодите мотоциклот според вашите потреби.

Каде може да ве одведе Honda VFR1200X? Секаде каде што има авантура.

V4 мотор

Ова не е само еден обичен мотор туку е пример како треба да изгледа најдоброто. Тој има два задни цилиндри кои се поблизу до себе во споредба со предните цилиндри. Ова го прави моторот малку потесен.

Два избори на трансмисија

Можете да одберете помеѓу рачна, шест брзинска трансмисија и пак автоматската DTS која нуди шест брзини, копче за менување на брзините како и избор на начинот на менување.

Shaft Final Drive

Чиста, ефикасна, докажана и лесна за оддржување. Ова е одличен избор за врвните машини каков што е VFR1200X.

Прилагодливо ветробранско стакло

Ветробранското стакло кај VFR1200X можете да го прилагодите со една рака и за тоа ќе ви требаат само неколку секунди.

Избор на режими на менување

Доколку ја изберете автоматската DTC  верзија, тогаш можете да одберете помеѓу стандардниот „D“ режим , „Three sport“ режимот, а дури можете и мануелно да менувате.

Цената на овој модел во Хонда салонот на Макпетрол (Бул. Илинденска) изнесува 15.490 евра за стандардната верзија и 16.490 евра за „DCT“ верзијата.

Back To Top