Продажниот салон на Хонда во Скопје се враќа на старата локација. Од сега мотоциклите на Хонда како и сета опрема ќе може да се набави од салонот на Хонда лоциран на бул. Илинден бб.

honda salon

Продажниот салон на Хонда во Скопје се враќа на старата локација. Од сега мотоциклите на Хонда како и сета опрема ќе може да се набави од салонот на Хонда лоциран на бул. Илинден бб.

Макпетрол кој е увозник на мотоциклите Хонда се одлучи за ваков чекор заради подобрување на квалитетот на услугите кон клиентите, како и зголемување на просторот на кој се изложени мотоциклите и опремата.

Во салонот освен мотоциклите и скутерите од програмата на Хонда може да се најде и опрема од „Alpinestars“, „A-Pro“ и „Spyke“. Макпетрол е увозник и на гуми од програмата на „Dunlop“, а секако тука се и издувите од светки познатиот производител „Akrapovic“. Во салонот се изложени и кациги од Нолан групацијата, односно „Grex“, „Nolan“ и „X-lite“.

Телефон за контакт тел. 02/ 30 90 707 или веб сајтот http://honda.makpetrol.com.mk/HondaMoto/index_m.asp

Back To Top