Домашни

Гумите Мишелин достапни во Македонија

Фирмата Динамикс од Скопје е новиот официјален увозник на гуми за мотори од светски познатиот производител Мишелин.

Следете нè на:

 

sport comparo lgБлагодарение на Динамикс, гумите Мишелин ќе бидат достапни на македонскиот пазар

Фирмата Динамикс од Скопје е новиот официјален увозник на гуми за мотори од светски познатиот производител Мишелин.

Договорот е веќе потпишан, а првата пратка на гуми ќе пристигне во салонот на Динамикс на 15 март. На залиха ќе бидат достапни следните модели, а сите останати од програмата на Мишелин ќе можат да се нарачаат:

Гуми за мотори:
MICHELIN POWER CUP
MICHELIN POWER SUPER SPORT
MICHELIN PILOT POWER 3
PILOT POWER 2CT
PILOT POWER
ANAKEE 2
ANAKEE III

Гуми за скутери:
MICHELIN POWER PURE SC
CITY GRIP
S1
S83-RETRO
BOOPER

Каталогот од Мишелин за 2013 можете да го превземете со клик овде (.pdf фајл со тежина од 7MB)

За цените можете да се информирате во салонот на Динамикс, ние ќе ги објавиме во текот на следната недела, но од она што имавме прилика да го видиме, се работи за навистина поволни цени.

 

comments

Би можело да ве интересира

Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!