Грчки дипломат со службениот автомобил удрил во скопјанец на мопед кај Соборниот храм.

 prometna skuter1 524046S0

Грчки дипломат со службениот автомобил удрил во скопјанец на мопед кај Соборниот храм.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тешка сообраќајна несреќа се случила вчера, околу 18.20 часот, на крстосницата од булеварите Партизански одреди и Климент Охридски.

Автомобил „Сеат Ибица“, сопственост  на грчката Канцеларија за врски, управуван од 37-годишниот грчки дипломат Т.П. удри во 28-годишниот И.Т. од Скопје кој возел мопед „Хамачи“.

Мотоциклистот од ударот на автомобилот се здобил со телесни повреди и веднаш бил пренесен на Ургентниот центар.

Извор: „Нетпрес

Back To Top