Во салонот за Хонда на Макпетрол е изложена новата Honda Africa Twin 2016.

Во 1986 година, NXR750 Africa Twin мотоциклот го имаше своето деби на релито Париз – Дакар. Мотоциклот имаше V-Twin мотор, а неговото име потекнува од тоа што поголем дел од релито се возеше во Африка.

По успехот што го имаше во релито, Honda во 1988 и 1990 година го произведе XRV650 Africa Twin кој го имаше истиот 647cc V-Twin мотор како и Hawk GT. Од 1990 до 2003 година за странските пазари Honda го произведуваше XRV750 Africa Twin. Тринаесет години по прекинувањето на производството, Honda го оживеа Africa Twin со моделот CRF1000L.

honda africa 2016 3

Сите модели на Africa Twin се опремени со Honda Selectable Torque Control како и со ABS сопирачки. Слично како и HSTC, и ABS сопирачките можат да се исклучат со притискање на едно копче. Новиот CRF1000L чини 13.290 евра за верзијата со ABS, а 14.290 евра за верзијата со ABS и DCT. Моделот е изложен во продажниот салон на Хонда на бул. Илинденска.

Back To Top