Хрватскиот стантер Дејан Шпољар викендов имаше фантастичен настап во близина на патеката Лагово во Прилеп.

stunter pp 95 of 101

Хрватскиот стантер Дејан Шпољар викендов имаше фантастичен настап во близина на патеката Лагово во Прилеп.

По повод празникот 11-ти октомври, мото фановите од земјава имаа прилика да присуствуваат на шоуто кое се одржа на паркингот кај патеката за мотокрос во Лагово, во близината на Прилеп.

Поканата за посета на настанот ја добивме покасно од вообичаеното, а имајќи во предвид и дека до сега не сме имале прилика да го проследиме Дејан во живо појдовме малку скептични. На местото на настанот публиката веќе беше собрана во голем број, а Дејан заедно со својата свршеница Матеа Влашиќ се подготвуваше за почетокот на шоуто.

Дејан започна со трикови кои сме навикнати да ги гледаме на видео клипови, па дури и оние кои ги гледавме од Крис Фајфер на настапот во Скопје, но она што не воодушеви е неговата инвентивност. Освен работите кои ги правеше поразлично и на свој начин, тој умешно во својот настап ја покажува и љубовта кон својата свршеница со која имаат неколку заеднички точки. Дејан има беспрекорна контрола на мотоциклот, а покажа и дека е мајстор за рамнотежа. Публиката уживаше во акробациите на Дејан, па иако временските услови не беа идеални, никој не ни помислуваше да го напушти местото пред крајот на шоуто.

Првата посета на Дејан во Македонија на крајот помина фантастично, публиката долго ќе го памти неговото шоу, а ние се надеваме дека повторно ќе имаме прилика да уживаме во неговите способности. Организаторот како и секогаш има работи кои може да ги подобри, но ги поздравуваме сите настани од ваков карактер и ги поддржуваме и во иднина да продолжат со слични активности.

За целата галерија кликнете овде.

Во продолжение и видео од настапот на Дејан:

Извор на видеото: patokazmagazin.com.mk

Back To Top