19
Чет, Јан
Домашни

Continental бесплатно ќе менува предни гуми од одредени серии

Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.

Следете нè на:

 

Continental бесплатно ќе замени повеќе од 170.000 гуми заради можни проблеми, благодарение на увозникот Скај Мото програмата ќе ги опфати и моторџиите од Македонија.

ContiSportAttack2 1920x1080170000 гуми произведени помеѓу 2007 и 2014 година ќе бидат бесплатно заменети

Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.

Контролата на квалитет покажа дека на пазарот може да има многу мал дел од производите со горенаведените димензии со евентуално оштетување.

Continental GmbH нема добиено ниеден извештај за штета на возила или луѓе, но за да се избегне можен ризик за корисниците одлучено е да се повлече целата количина на гумите од овие типови.

Во овој програм спаѓаат гуми продадени во периодот од 2007-2014, од следните типови и димензии:

120/70 ZR 17 и 120/70 R 17 :

Производна линија:     

DOT : Недела/година на производство

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ContiSportAttack

CP8B B5MV 1008 2614  

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ContiSportAttack 2

CP8B B5M4 4811 2614

120 / 70R17 M / C 58H TL ContiAttack SM 

CP8B BXM9 1011 2614

120 / 70ZR17 M / C 58W TL RACEATTACK Comp. Soft

CP8B B5M1 1907 2614

120 / 70ZR17 M / C 58W TL RACEATTACK Comp. Medium

CP8B B5M1 2307 2614

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL RACEATTACK Comp. Endur.         

CP8B 918B 3011 2614

120 / 70ZR17 M / C (58W) TL ROADATTACK 2 GT W

CP8B 91E9 2513 2614

Овие гуми може да бидат идентификувани преку DOT серискиот број кој се наоѓа од страната на секоја гума како што е прикажано на примерот подолу. 

Пример: DOT  CP8B B5M4             2612

conti-zamenaИдентификација на гумите

Во доброволниот програм за замена се опфатени гумите од DOT1907 (19 недела 2007) и DOT2614 (26 недела 2014)
Ни една друга димензија или датум на производство не спаѓа во наведениот програм.


Доколку имате купено гума од наведените типови, истата ќе ви биде заменета со нова БЕСПЛАТНО најдоцна до 31.03.2015 (не е потребно приложување на сметка).

За информации јавете се во Скај Мото Дооел на телефонитe: 02/3172462,  02/3172941 и 02/3172942 или испратете и-мејл на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

comments

Би можело да ве интересира

Tимовите почнаа да ги презентираат нивните нови обележја, нови спонзори и нови тимови за 2017 година.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Се наближува првиот хипстерски состанок на годината и сигурно се прашувате како да се издвоите од сите тие луѓе кои имаат иста брада и чудни пантолони? Пристигнете на состанокот возејќи 1911 Harley-Davidson модел 7 или пак поексклузивниот 1914 Sears Deluxe.

Болоња му посака добредојде на новиот Ducati Scrambler ресторан, место кое има за цел да ги собере сите љубители на мотоциклите.

Британскиот победник на релито Дакар 2017, Сем Сандерленд, вели дека се уште е во шок од резултатот кој го постигна на овогодинешната трка.

Возачот на Monster Energy Honda, Јоан Бареда, оствари нова победа на десетатата етапа од релито Дакар 2017. Денот беше драматичен и многу возачи имаа проблеми со навигацијата на стазата која беше со должина од 400 километри.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!