Мото клубот Chopper Club во петок (20-ти јуни) го отвора својот клаб хаус во Скопје, а на журката се поканети сите моторџии и добронамерници.

CCP-poster-F

Мото клубот Chopper Club во петок (20-ти јуни) го отвора својот клаб хаус во Скопје, а на журката се поканети сите моторџии и добронамерници.

Скопје добива уште едно пријателско место за моторџиите. Во петок на 20-ти јуни мото клубот Chopper Club ќе го промовира својот нов клаб хаус. Забавата е од отворен карактер, не е потребна покана за да присуствувате, а како што велат и дечките од клубот, доколку го читате ова, сметајте се за поканети.

Идејата е да се направи забава за сите моторџии, љубители на моторите, за сите мото клубови и слободни возачи, а влезот на забавата е бесплатен. На самата локација има обезбеден паркинг како и место за кампирање за оние кои ќе сакаат да преспијат. Локацијата е на Илинденска, веднаш по игралиштето на ФК Локомотива и Макпетрол, на булеварот ќе биде истакнат знак каде ќе треба да свртите десно. Кога ќе влезете низ капијата, треба само да возите право до крајот на дворот.

Забавата почнува во 20 часот, за атмосферата ќе се погрижат „Victims of changes“ и „Dj Taso“, а ќе трае додека стои последниот човек.

По отворањето клубските простории ќе бидат отворени секој петок и сабота.

Back To Top