Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија на седницата во понеделник одлучи цените на нафтените деривати да се намалат за 6,21 отсто, односно за 4,65 отсто во однос на рафинериските и малопродажните цени.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 денари за литар. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на досегашните цени. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,470 ден/кг. Новата цена, пак, на М-1 НС изнесува 42,378 денари за килограм