Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари, односно за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари, односно за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.