thumb_polnenje-benzin-vo-motoriСпоред одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, a Еуросупер БС-98 по 85,50 денари. Цените на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

polnenje-benzin-vo-motori

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, a Еуросупер БС-98 по 85,50 денари. Цените на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3,5 денари, а цената на дизелот и екстра леснoто масло останува непроменета.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 83,50 денари за литар, a Еуросупер БС-98 по 85,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство не се менуваат, односно цената на Еуродизел изнесува 72,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 61,50 денари. Се намалува и цената на мазутот за 0,399 денари за килограм и ќе изнесува 46,7 денари.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 117,2 долари за барел и е за 1,53 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (119,030 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 46,76 денари за долар и е за 0,45 отсто понизок од курсот на доларот (46,9722 ден/$) по кој беа формирани цените.

Извор: „Утрински

Back To Top