23
Сре, Авг
Домашни

Around Gaia: Патот околу светот е прекинат, но не е завршен!

Ивана и Ману го започнаа своето патување околу светот со мотоцикл на 17 април 2013 година, три години подоцна се соочуваат со банални проблеми кои ќе им го прекинат патувањето.

Следете нè на:

 

Ивана и Ману го започнаа своето патување околу светот со мотоцикл на 17 април 2013 година, три години подоцна се соочуваат со банални проблеми кои ќе им го прекинат патувањето. Иако ова ќе значи прекин на патувањето, како што вели Ивана, не е крај, ќе се вратат во Македонија но потоа ќе продолжат да возат, мисијата ќе биде исполнета!

13162212 1626772977648198 1032315411 nИвана и Ману ќе запрат, но нема да застанат

Во продолжение следува целото сведочење на Ивана за ситуацијата во која се најдоа:

Пред повеќе од 3 години заминав од мојот дом, се збогував со семејството и пријателите и започнав со патување за кое незнаев кога точно ќе заврши. На памет ја имав само мислата: Мора да успеам. Не ми беше  важно што немав многу пари или искуство за патување со мотор, бев убедена дека ќе успеам да го завршам патот околу свет во една етапа. Да ги поминеме сите континенти со истиот мотор и си ветив дека нема да се вратам дома се додека не ја постигнам целта.

И кога можеби некои од вас замислувате едноставен дека ова патување е само еден годишен одмор можам само да кажам дека е далеку од таа дефиниција. Тоа не е само тежок предизвик,  понекогаш е многу повеќе од тоа. Ми недостасуваше  кислород додека ги  преминувавме  Андите во Боливија, ми пукаа капилари од носот и имав крварење и прстите ни се замрзнуваа кога ја  преминувавме Памир планина во зима или имав денови кога морав да го контролирам мојот страв додека кампувавме во џунглата во Суматра каде има опасност од тигри и денеска стравот од мечки Гризли за време на патот до Алјаска.

13150051 1626772980981531 1080365228 nИвана: „На памет ја имав само мислата: Мора да успеам.“

Полека полека ги надминував сите пречки бидејќи целта ми изгледаше премногу убава. Им избегавме на крадците кога сакаа да се обидат да го украдат  моторот во Буенос Аирес, и не ми требаше да  размислам повеќе од една минута за да донесам одлука, кога докторот од Патагонија во Чиле ми кажа дека ногата ми е скршена и следи операција, за да одлучам дека ќе се оперирам таму во тоа мало градче и ќе го продолжам патувањето . Секогаш кога ситуација се закануваше дека ќе стави крај на овој проект стискавме заби и не се откажавме, и секој пат кога надминував некоја од  пречките  созревав како личност.  Лекцијата што ја научив секогаш бев горда да ја споделам и тој чин на храброст да стане мотивација на некои луѓе што го следеа патувањето и им е потребна.

Така и беше, како што одминуваше времето, сфатив дека мојот сон не е повеќе само мој. Сега, исто така, чувствував обврска да не се откажам, бидејќи со освојувањето на мојот предизвик сакав да им покажам на многумина дека и тие можат да го постигнат својот успех. Одеднаш моето патување се претвори во проект. Исто така, сфатив дека станував еден вид на  амбасадор на Македонија, кога моите статии се објавуваа во некои од најважните туристички списанија и списанија за мотор и авентура во земји како САД, Шпанија, Италија и Франција, и секој пат кога одржувавме презентации и интервјуа за списанија во сите земји што ги поминавме и на телевизии и радиа.

Во секој одтие моментиго презентирав иметона мојата земја и историјатана секој ќош наоваа планетаи секогаш бев горда.Никој не ми кажада го правам тоаиникогаш не побаравништо за возврат, бидејќи едноод моите главниправилабеше да постигнам се сама со свој труд,и наградата што ја добив беа безброј пораки и коментари за поддршкаиблагодарностод моите сонародници што најмногу ми значеше.

Понекогаш некои македонци ме измамија како кога бев во Австралија и ме користија за да одржат настан каде што продаваа мои фотографии за поддршка на патувањето и парите никогаш не дојдоа до мене, ми го украдоа времето и трудот, но не и желбата за да продолжам напред. Искуство и лекција што ме направија посилна.

13153229 1626772957648200 1651181675 nИвана и Ману на една од бројните средби со новинарите

Но, овој пат ситуацијата не зависи од мене, не е во мои раце да продолжам  напред и да го поминеме и последниот континент Африка.

После 41 земја и 5 различни континенти дојдовме во Канада, каде што планирав да го обнови мојот пасош кој е исполнет со визи и не мислев дека ќе биде некоја комплицирана работа, но овој пат Македонија тоа го направи невозможно.

Поминав три недели инсистирајќи за тоа, јавувајќи се во ситее институции и кај сите што ги  познавам, дури се обратив и до највисоката политичка функција, за да го испратам моето барање за помош, објаснував дека имам потреба од нов пасош и дека тоа е мое граѓанско право и дека би сакала да ми овозможат некоја нормална процедура. Денес се чувствувам сама во Ванкувер, во овој космополитски град каде живеат луѓе од целиот свет.  Секој пат кога треба да ја објаснам процедурата и како функционира работата на нашата амбасада ми е срам, и дека после се што поминав за да стигнам до тука тие не сакаат да ми искочат во пресрет.

Денес ми преостанува да го напишам ова писмо за да им кажам на сите оние кои несакат да ми помогнат дека нема да успеат да го срушат мојот успех и мојот сон.  Го смениме правецот и ќе се вратам дома порано од планираното за да извадам нов пасош, но ќе продолжам да патувам и да ги споделувам моите искуства за да ги мотивирам новите генерации , за што поскоро да имаме една подобра држава, отколку оваа што е моментално. И, се разбира дека Македонија ќе продолжи да патува со мене.

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!