28
Сре, Јун
Домашни

Around Gaia: 1000 дена пат околу светот со мотоцикл

Тоа е за сега драги читатели, 1000 дена за да преминеме 40 земји, долго патување кон хоризонтите се додека да дојде денот да сфатам зашто мојот инстикт ме натера да вложам сè.

Следете нè на:

 

Заложивме сè на една карта, на патување. Моите заштеди, моите години на студирање и моето семејство.. Инстинкт, како пијан човек кога влегува во казино, без двоумење, седнува на маса, става се на еден број, става сè што има во џебовите. На 17 април 2013 година јас и Ману дадовме се и сега сфаќаме дека победуваме уште од самиот почеток, нашата награда ја откривме денеска. Овие денови освоивме многу чувства, искуства, сомнежи и потврди.

12562584 1194781997218056 1481228261 oПонекогаш е прекрасно, но...

Нема празни денови оттогаш, некои од деновите ни подарија најубави зајдисонца, другите денови најтопли прегратки од непознати луѓе кој ме натераа да се чувствуваат како дома, имавме и тажни денови кои ги решивме со една детска насмевака, и многу среќни денови. Без разлика дали не болат коските или дали имаме некоја тропска болест, и скршеницата на ногата ја свативме како една лекција од која можевме да научиме. Сега не постои подобара работа за која можев да заложам сè. За деновите кои ги живееме, бидејќи овие денови се моето најголемо богатство.

12562576 1194782233884699 980766294 oПатот околу Светот не е едноставен

Сега доаѓаме до голем број од нашето патување, ги гасиме моторот за момент и прославуваме. После 1.000 дена на пат нашата мотивација сеуште е на високо ниво и тоа е најдобар знак дека животот ни носи повеќе од она што го дадовме.

Со нетрпение очекувам да се видам со моето семејство, барем една ноќ да се напијам вино со пријателите, но патот ме задолжува да го продолжам и да завршам овој циклус, овој круг околу светот со мотор. Ни остануваат уште само неколку граници да ги поминеме. Денеска стигнавме во Америка.

Around Gain: Поминаа 90.000 km до сега, 40 земји, 5 континенти. Во моментов се во САД, во Сан Диего. Им преостанува да стигнат до Аљаска, а за назад до дома, како што велат и самите, сеуште не знаат од каде, дали преку Русија или преку Африка.

Тоа е за сега драги читатели, 1000 дена за да преминеме 40 земји, долго патување кон хоризонтите се додека да дојде денот да сфатам зашто мојот инстикт ме натера да вложам сè.

За повеќе фотографии и доживеани искуства посетете ја фејсбук страната и ставете LIKE: www.facebook.com/aroundgaia

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!