23-то мото рели „Македонија - Независност“ ќе се одржи од 6 до 8 септември. Поаѓањето е во сабота во 10 часот од плоштадот Македонија во Скопје, а пристигнувањето на истото место е предвидено за на 8-ми септември (понеделник, неработен ден).

23-то мото рели „Македонија - Независност“ ќе се одржи од 6 до 8 септември. Поаѓањето е во сабота во 10 часот од плоштадот Македонија во Скопје, а пристигнувањето на истото место е предвидено за на 8-ми септември (понеделник, неработен ден).

moto-reli-makedonija

Официјалната потврда од МФМ пристигна за датумот на одржување на годинешното 23-то по ред мото рели „Македонија - Независност“. Според програмата релито ќе се одржи од 6 до 8-ми септември според следната рута:

6.09.2014 (сабота)

  • Скопје (поаѓање во 10.00)
  • Куманово
  • Свети Николе
  • Штип
  • Кочани
  • Виница (пауза)
  • Берово
  • Струмица
  • Дојран (ноќевање)

7.09.2014 (недела)

  • Дојран
  • Богданци
  • Гевгелија
  • Демир Капија
  • Неготино
  • Кавадарци
  • Прилеп
  • Битола
  • Ресен
  • Галичица
  • Охрид (ноќевање)

8.09.2014 (понеделник, неработен ден)

  • Охрид
  • Струга
  • Дебар
  • Маврови Анови
  • Гостивар
  • Тетово
  • Скопје (плоштад Македонија)

mapa-reli-makedonija-2014

Котизацијата за годинешното рели ќе изнесува 600 денари за возач и 500 денари за совозач.

Пријавувањето за релито можете да го направите во Сито сервис во Скопје, за странските државјани пријавувањето ќе биде на плоштадот Македонија за каде е закажан и стартот на релито во 10 часот. Доколку некој доаѓа еден ден порано во Скопје евтино сместување има во хостел Шанти за околу 10 евра од ноќ.

Според програмата, првата вечер во кампот Партизан ќе има организирана традиционална вечера со гравче, а втората вечер престојот во Охрид ќе биде во кафе барот „Драма“ кој се наоѓа на плажата помеѓу хотелите Славија и Силекс. За во Охрид организирана е вечера каде ќе биде и свеченото доделување на наградите и признанијата за релито. Вечерата ќе биде богата надополнета со пиво по цена од 60 денари, а за забавата ќе се погрижи рок бенд од Охрид.

Како и минатата година во Дојран обезбедено е сместување во кампот „Партизан“ каде има четворокреветни приколки по цена од 400 денари, и четворокреветни бунгалови по цена од 1000 денари. Бунгаловите се со кујна, купатило и клима, но за слободни места ќе треба да се праша на самото место. Друга опција за сместување во Дојран се хотелите. Нај евтини се Јака и Бетон каде ноќевањето е 350 денари, а во хотелот „Престиж“ (гледа кон езерото, а се наоѓа пред кампот Партизан), каде цената за ноќевање со доручек изнесува 600 денари по лице.

Цените во Охрид се:

  • Вила Диони - 10 евра со доручек
  • Апартмани Неим - 10 евра
  • Апартмани Митко - 10 евра
  • Хотел Дипломат - 1000 денари со доручел
  • Бараки Калифорнија - 250 денари. 

Сместувањето е на одговорност на учесниците и самите треба да си резервираат односно да одлучат каде ќе ноќеваат.

Доколку имате прашања во врска со релито пишете ни, ќе се обидеме да ги пренесеме до надлежните.

Back To Top