thumb_motocross-milci-2012-2Викендов на патеката Милци крај Гевгелија, Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на трки со кои започна сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

motocross-milci-2012-2

Викендов на патеката Милци крај Гевгелија, Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на трки со кои започна сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

Вкупно 73 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Грција, Албанија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Турција настапија на одлично подготвената патека во вкупно 6 класи. Се возеше по сончево, мирно и топло време, но благодарение на навременото прскање на патеката, а и дождот кој падна во саботата, на Милци немаше премногу прашина.

motocross-milci-2012-139

Нашите натпреварувачи кои беа 13 на број достојно ја претставија Македонија на трките. Христијан Илиоски го освои второто место во МХ2 класата по две извозени трки, а нашиот најдобар натпреварувач во МХ1, Гоце Томовски денот го заврши како третопласиран. Благојче Спировски во МХ2 освои 22 бода, доволни за 10-та позиција, а Никола Гулевски и Филип Кондратенко финишираа на 19 и 20 позиција.

motocross-milci-2012-362

Христијан Станкович настапи во класата EMX85 и го забележа 18-то место во навистина тешка трка. Неговиот пласман треба да биде мотив повеќе да продолжи да тренира бидејќи сигурно му претстои светла иднина во мотокросот.

motocross-milci-2012-411

Најбројни беа нашите натпреварувачи во MX класата, каде 7 натпреварувачи се пласираа од 4-та позиција до 11-та. Николче Тодоров заврши како 4-ти, а потоа следуваа Мирче Ќорнаков, Слободан Ивчески, Јован Стојков, Борче Костов, Миодраг Станкович и Александар Тодоровски на 11-та позиција.

Кликни овде за сите слики од трките на Милци.

Во продолжение следуваат и резултатитe по класи:

- MX
- MX 1 и MX 2
- EMX 85
- EMX 65

Back To Top