20
Пон, Фев
Домашни настани

Се одржа третата трка од Сакамото купот

Патеката Волково викендов беше домаќин на третата трка во сезоната од Сакамото купот во трки со скутери, супермото и минимото.

Следете нè на:

 

volkovo3-13Волково 3: Трки со скутери, супермото и минимото

Патеката Волково викендов беше домаќин на третата трка во сезоната од Сакамото купот во трки со скутери, супермото и минимото.

Пеколното јулско сонце викендов максимално им ги отежна условите на малкутемина храбри момци кои се појавија на патеката Волково за третата трка во сезоната од Сакамото купот. Бевме сведоци на трки со скутери, супермото и секако надежта на македонскиот мотоциклизам, дечињата во класата минимото.

Заради малиот број на учесници се возеа вкупно три трки, по две класи во секоја девизија освен кај најмалите.

Кај класата скутери до 50 цм3 победник беше Илија Петрушевски, а второто место му припадна на Горан Димитровски, во класата скутери над 50 цм3 победи Стефан Кондосоров, додека пак на второ место се искачи Далибор Серафимов.

volkovo3-45Убедлива победа за Кондосоров во класата над 50 цм3

Во Супермото трките Христијан Бузалковски беше подобар од Баже Шишковски во класата до 250 цм3, додека пак домаќинот Слободан Ивчески немаше конкуренција во класата до 450 цм3. Импресионираше возењето на Бузалковски кој од трка во трка е се подобар, а секако тука е и неговиот тркачки став кој му дава самодоверба па на доделувањето на медалите на коментарот дека титулата е се поблиску до него тој изјави: - Не е блиску, моја е!

За сите слики од трките кликнете овде.

Најмладите возачи во класата минимото ни приредија интересна трка во која Лука Милошевиќ беше убедлив пред Филип Јаневски, и Лео Ивчески на третото место. Навистина е уживање да се гледаат младите надежи како возат по патеката, се надеваме дека во иднина повеќе родители ќе ги мотивираат своите деца од мали нозе да се насочат кон спортот, за во иднина да пресраснат во носители на македонскиот мото спорт.

volkovo3-36Иднината на македонскиот мотоциклизам, дечињата во класата минимото

Жално е што трките не добија поддршка од МФМ да се бодуваат за домашен шампионат, возењето на куп исто така се бодува до крајот на сезоната кога ќе бидат прогласени и шампионите по класи, но возењето на трки од домашното првенство носи поголема тежина. Во моменти кога ни умира мото сцената и нема никакви случувања треба да се поддржат организаторите на секој можен начин, да се седне на заедничка маса, да се испеглаат недоразбирањата и да се продолжи напред, за доброто на мотоциклизмот, мото спортот, за дечињата кои утре ќе сакаат да возат трки и да не претставуваат надвор од државава.

 

comments

Би можело да ве интересира

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Тимот на ECSTAR Suzuki се појави на патеката со својот нов аеродинамичен пакет и покажа како Јапонскиот производител ќе се носи со забраната за употреба на крилца.

Откако постави најдобро време на вчерашниот втор ден од тестирањето на Филип Ајленд, возачот на Јамаха успеа да го повтори успехот и да го заврши пред сезонскиот тест на првата позиција.

Актуелниот Светски шампион во МотоГП, Марк Маркез, денеска полни 24 години.

Federal Mogul е глобален лидер во развојот и производството на мото производи за стандардните и оф роуд мотоцикли. Нивните производи обезбедуваат високи перформанси кои особено ги ценат најдобрите светски возачи.  

Хорхе Лоренцо призна дека тестот на Филип Ајленд започнал многу подобро отколку првиот тест во 2017 година кој го имаше во Сепанг на почетокот на овој месец. Трикратниот светски шампион на крајот на денот заврши високо на табелата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!