25
Саб, Мар
Домашни настани

Се одржа првата ЕндуроКрос трка во Македонија

Успешна огранизација на првата ЕндуроКрос трка во Македонија која денеска се возеше на патеката Орман во Скопје.

Следете нè на:

 

orman-2014-16Успешна организација на првата ЕндуроКрос трка во Македонија

Успешна огранизација на првата ЕндуроКрос трка во Македонија која денеска се возеше на патеката Орман во Скопје.

Публиката на патеката Орман имаше прилика да ужива во првата ЕндуроКрос трка која ја организираа МК Вардар и МК Мото Велес. Иако временските услови не беа идеални, сепак имаше доволно публика за да ги поздрави оние 16 возачи кои машки извозеа по две трки во класите Е1, Е2 и Е3.

Дека условите беа лоши најдобро знаат самите возачи, калта им задаваше проблеми на ендуро сегментот од патеката, а заморот од ваквите услови си го правеше своето по само неколку кругови.

Сепак бевме сведоци на вистински борбени трки, посебно во класата E1 каде Драган Ванов и Михаил Бајовски имаа тешка задача да дојдат до победата. Во класата Е1 во конкуренција на 7 возачи Драган Ванов беше победник на првата трка, а на втората победи Михаил Бајовски. На крајот двајцата заминаа со по 47 бодови на своето конто, како и искуство повеќе кое сигурно ќе им послужи во понатамошната кариера. Во класата Е1 третото место му припадна на Никола Гулевски, а солиден настап имаше и Немања Периќ од Србија. Во оваа класа настапија и Лиридон Халили како и Ангел Ристов.

orman-2014-102

 Во класата Е2 нај успешен беше Фазли Ислами кој забележа една победа и едно трето место, Ване Јованов со две втори места беше со само еден бод заостанување зад Ислами, додека пак на третата позиција го видовме добро познатиот Мирче Ќорнаков кој беше и победник на втората трка. Во класата Е2 настапија и Ивица Гиновски и Илија Минев.

orman-2014-103

И кај ветераните следевме возбудлива борба, во класата Е3 нај успешен беше Борче Костов со две победи, втор беше Никола Дабиќ кој настапи како дебитант и за прв пат се појави на трка во Орман успеа на двете трки да дојде до второто место, а трет беше Џавид Аднан. Во оваа класа ги проследивме и возењата на Сашко Ванов и Васко Киров.

orman-2014-104

За целата галерија кликнете овде.

Честитки до организаторите, како и до учесниците на трките кои беа далеку од лесни за возење, но возбудливи и исполнети со адреналин. Се надеваме дека ќе имаме прилика да проследиме уште некоја трка од оваа дисциплина која зема се поголем замав на патеките ширум светот.

 

comments

Би можело да ве интересира

Возбудувањата на патеката Лосаил во Катар започнаа со вчерашниот прв тренинг. Акцијата продолжува и денеска со слободните тренинзи, утре ќе имаме можност да ги следиме квалификациите, а трката е во недела со почеток од 20 часот по наше време.

Валентино Роси смета дека новиот шампионат има потенцијал да прерасне во уште една интересна сезона

Возачот на Yamaha е полн со самодоверба пред првата трка од новиот шампионат која ќе се оддржи овој викенд во Катар

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа новите модели на Vespa и Piaggio.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!