28
Вто, Фев
Домашни настани

Прогласување на најдобрите македонски мотоциклисти во февруари

МФМ во втората половина на февруари ќе го организира прогласувањето на најдобрите македонски мотоциклисти за 2012 и 2013 година.

Следете нè на:

 

414247 10150774513085330 1642083797 oМомент од последното прогласување одржано во 2011 година

МФМ во втората половина на февруари ќе го организира прогласувањето на најдобрите македонски мотоциклисти за 2012 и 2013 година.

Прогласување на најдобрите мотоциклисти за последен пат се случи на 30 март 2012 година, на церемонијата одржана во Роџер Пијано кога беа прогласени најдобрите за 2011 година. Од тогаш изминаа две сезони без прогласување, па затоа на годинешниот настан ќе бидат доделени признанија за најдобрите во 2012 и 2013 година.

Се очекува на церемонијата да бидат доделени признанија за најдобрите кросисти во класите МХ1, МХ2, МХ3 и МХ85. Кај  ендуро натпреварувачите ќе бидат доделени признанија во класите Е1, Е2, Е3 и Т1. Во изминатите две години не се возеа шампионати во брзински мотоциклизам и скутери, па нема да има прогласување за нив, но ќе има признанија за најдобрите претставници на Македонија во Источно Европските натпреварувања.

Како што беше најавено во 2011, на натпреварувачите кои постигнале резултати на меѓународните трки ќе им бидат исплатени и парични награди согласно бодовите кои ги имаат освоено.

 

comments

Би можело да ве интересира

Минатиот пат кога пишувавме за „Rain Pal“ тоа беше само еден проект на кој му требаа финансии. Ако мислевте дека нема да успее и несакавте залудно да си ги потрошите парите сега ќе можете да си купите една ваква кацига бидејќи компанијата започна со сериско производство.

Марк Маркез вели дека повредата која ја претрпе на приватниот тест во Херез не е сериозна. Тој уште еднаш го повреди рамото, нешто што досега неколкупати му се има случено во текот на кариерата.

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!