Слободан Ивчески - Цобо доби признание од сојузот на спортови на град Скопје за успесите во изминатата година.

cobo-sofka

Слободан Ивчески - Цобо доби признание од сојузот на спортови на град Скопје и Градот Скопје за успесите во изминатата година.

Сојузот на спортови на град Скопје во соработка со Градот Скопје и годинава традиционално го организира изборот на најдобрите скопски спортисти за 2013 година.

За поздравување е чинот на сојузот конечно во списокот да вметне и мотоциклисти кои достојно ја претставуваат Македонија на домашните и странски трки. Ивчески минатата сезона успешно настапуваше на Супермото трки во Европското првенство и притоа го освои четвртото место, за што од сојузот на спортови на Град Скопје во конкуренцијата на останатите спортисти се најде на 7-то место.

На Ивчески му честитаме за признанието, му посакуваме успешен настап на трките следната сезона и пехар кој ќе го потврди неговиот квалитет и долгогодишна кариера во мото трките.

Back To Top