21
Вто, Фев
Домашни настани

Одличен успех на нашите кросисти во Прилеп

На патеката Лагово крај Прилеп се одржа деветата рунда од Источно Европскиот шампионат во Мотокрос.

Следете нè на:

 

На патеката Лагово крај Прилеп се одржа деветата рунда од Источно Европскиот шампионат во Мотокрос.

10700084 10152717910915330 5448522706825332463 oМомент од прогласувањето на патеката Лагово крај Прилеп

Гледачите на патеката можеа да уживаат во мајсториите на тркачите во класите МХ85, МХ3, МХ2 и МХ1. Македонија имаше свои претставници во класите МХ3 (Борче Костов, Слободан Ивчески, Хамит Џеладини, Васко Киров), МХ2 (Христиан Станкович, Михаил Бајовски, Ванов Драган) и секако во најсилната класа МХ1 (Јове Иванов, Ангел Ристов, Гоце Томовски и Христијан Илиоски).

857791 10152717881600330 448301699265500624 oСледевме возбудлива трка во класата МХ3

Во неделата возбудувањата започнаа со втората трка во класата МХ3 (првата трка се возеше во саботата) каде нашиот Борче Костов го завери третото место во генералниот пласман во Источно Европскиот шампионат во мотокрос. Трките во МХ85 беа атракција за публиката заради одличните скокови на Хакан Халми од Бугарија, но и заради возењето на останатите деца. Двете трки во МХ2 класата беа одлични за адреналинските зависници, неизвесност до самиот крај и борба помеѓу возачите до исцрпеност. Во класата МХ1 нашиот Христијан Илиоски уште еднаш потврди дека е на самиот врв на мотокросот во Источна Европа. Победата со огромна разлика пред второпласираниот на двете трки за Кико беше бурно поздравена од публиката која уживаше во неговите мајстории. И покрај двете победи во Прилеп во генералниот пласман тој останува на втората позиција, а имајќи во предвид дека до крајот на шампионатот има уште две трки веќе е извесно дека го имаме новиот вице-шампион во Источно Европскиот шампионат во мотокрос. Трката која требаше да се вози во Турција е откажана, па така до крајот на шампионатот преостанува само уште една рунда (две трки) која се вози во Молдавија на 19-ти октомври.

1780948 10152717909365330 4115997275014773945 oПобеда со огромна предност за Илиоски на двете трки во класата МХ1

Публиката исто како и натпреварувачите, помалубројни од најавените и очекувани, сепак среќни што беа дел од трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос. Нашите натпреварувачи во целост ги оправдаа очекувањата и им се оддолжија на гледачите за безрезервната поддршка.

Така во класата МХ3 Ветерани бевме сведоци на одлична трка помеѓу Борче Костов и Слободан Ивчески, во МХ2 Христијан Станкович и Михаил Бајовски покажаа што е вистински спорт, беспоштедна трка до самиот крај и срдечни честитки потоа. Истата слика ја видовме и во МХ1 каде нашиот Гоце Томовски до крајот на втората трка беше во беспоштедна борба со Калојан Илиев од Бугарија, а потоа спортски си го честитаа успехот.

За целата галерија од трките кликнете овде.

Во неделата во Прилеп победи спортот, видовме дека нашите возачи можат да се држат рамо до рамо со оние од Бугарија, Грција, Србија... дека можат и подобро од нив со многу помалку, дека им недостасува само мала поддршка, талентот е очигледен, да не дозволиме да згасне. Се надеваме дека ќе имаме прилика до крајот на годината да присуствуваме барем на уште една трка од домашниот шампионат со што ќе може да се заокружи сезоната.

 

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!