Домашни настани

Најава: Ендуро Лазарополе 2012

IMG 4715Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар од Скопје,

Следете нè на:

 

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар од Скопје на 18 и 19 август на патеката крај Лазарополе ќе се одржат четвртиот и петтиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

IMG 4715

Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина е распишан во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1, а на претходните натпревари во Велес и Скопје учествуваа вкупно 32 натпреварувачи.

IMG 4657

Патеката е со должина од 15 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на три пати во секој од двата натпреварувачки денови. Во рамките на секој круг ќе има и еден брзински испит кој содржи елементи од мотокрос, ендуро, како и екстремни елементи. „Брзинецот“ ќе биде најпривлечен за публиката со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и близината до стартот, како и прекрасната околина на Лазарополе. Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка. Збирот на времиња од „брзинецот“ и казнените поени од временските контроли од трите кругови ќе ги одредат најдобрите по класи.

IMG 4578

Во класата Е1 засега најголеми конкуренти за титулата се Драган Ванов (МК Мото Велес) со 72 и Филип Кондратенко (МК Гого) со 69 бодови.

Во класата Е3 со максимален учинок засега е дебитантот Горан Тасиќ (МК Мото Велес) со 75 бодови, пред Борче Костов (МК Мотостарс) со 59 и Амир Амети (МК Шари мотокрос) со 58 бодови.Во најбројната класа Е2 водечки е двократниот шампион Ивица Милошевиќ (МК Мотори) со 67 бодови. 

IMG 4682

Патот до третата титула по ред и златната кацига единствено може да му го загрозат Бојан Лазов (МК Мото Велес) со 54, Ведран Манев (МК Ендуранс тим) со 51 и Валентин Тошев (МК БрзКруг) со 50 бодови.

Виктор Ефремов (МК Мото Велес) не дозволи никакво изненадување во класата Т1 и со три победа и 75 освоени бодови е на сигурен пат кон златната кацига. Зад него се Баже Шишковски (МК Александар) со 59 и Николчо Николов (МК Ендуранс тим) со 58 бодови.

Во екипна конкуренција засега во водство е МК Мото Велес пред МК Александар и МК Ендуранс тим.Според програмата стартот на првиот натпреварувачки ден е во сабота 18 август од 16:00 часот, а на вториот во недела 19 август од 10:00 часот. Збирот на бодови од двата дена ќе ги одреди најдобрите по класи и во клупска конкуренција. 

Би можело да ве интересира

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!