Мото клубот Александар и Ендуро тимот Водно од Скопје се организатори на натпреварот „1’ OFF ROAD SHOW SKOPJE 2016“ кој ќе се одржи на 29.10.2016 година на воениот полигон Стенковец крај Скопје.

Мото клубот Александар и Ендуро тимот Водно од Скопје се организатори на натпреварот „1’ OFF ROAD SHOW SKOPJE 2016“ кој ќе се одржи на 29.10.2016 година на воениот полигон Стенковец крај Скопје.

14625361 10154112256943869 1392450930 n

Учесниците ќе биде поделени во 4 категории: MOTO; АТV/QUAD; UTV и 4х4 возила. Патеката се состои од брзински испити и поврзувачки етапи по екстремен терени и за прв пат ќе се организира во Македонија.

Учесниците се очекуваат во 8 часот изутрина кога започнува верификацијата и техничкиот преглед, додека пак публиката ќе може да ужива во натпреварите од 10 до 14 часот. Вљубениците на „октанските“ спортови ќе може да уживаат во умешноста на најдобрите македонски учесници на 2 и 4 тркала, а за нивна дополнителна забава ќе се погрижат познати диџеи.

Заинтересираните натпреварувачи може да се пријават преку електронска пошта на организаторот.

За пријавата кликнете овде.

Спортски поздрави, Off Road Show Skopje Team
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР

Почеток на пријавување: 01.10.2016
Заклучување на приоритетни пријави: 27.10.2016
Објавување на листа на пријавени: 29.10.2016

САБОТА, 29.10.2016 (ВОЕН ПОЛИГОН СТЕНКОВЕЦ, СКОПЈЕ)

– Ендуро (мотоцикли)

08:00-09:00 Технички преглед и верификација 
09:30-09:40 Брифинг со натпреварувачи
09:45 Објавување на стартна листа
10:00-11:30 Натпревар – 1. етапа
12:30-13:30 Натпревар – 2. етапа
14:30 Прогласување на победници

– Трофи (4х4 возила)

09:00-09:30 Технички преглед и верификација 
09:40-09:50 Брифинг со натпреварувачи
10:00 Објавување на стартна листа
11:30-12:30 Натпревар
14:30 Прогласување на победници

– Рели реид (АТВ, УТВ, 4х4 возила)
09:00-09:30 Технички преглед и верификација 
09:40-09:50 Брифинг со натпреварувачи
10:00 Објавување на стартна листа
13:00-14:00 Натпревар
14:30 Прогласување на победници


Забелешка: Програмата може да претрпи измени поради временските услови на патеката или бројот на пријавени натпреварувачи по категории и класи.

Back To Top