22
Сре, Фев
Домашни настани

На Орман се возеше втората трка од шампионатот во мотокрос

На патеката Орман крај Скопје денеска се возеше втората трка од отворениот шампионат на Македонија во Мотокрос.

Следете нè на:

 

mx orman 2015Втора трка од отворениот шампионат на Македонија во мотокрос

На патеката Орман крај Скопје денеска се возеше втората трка од отворениот шампионат на Македонија во Мотокрос.

Во техничка организација на мото клубот Вардар, а под покровителство на Мотоциклистичката Федерација на Македонија на патеката Орман се одржа втората трка од отворениот шампионат на Македонија во мотокрос.

Одличното време беше магнет за публиката на патеката Орман да дојде во голем број и да ги проследи трките во класите MX85, MX3, MX2, MX1 и MX Open. Вкупно 21 возач се појави на патеката крај Скопје, а освен домашните натпреварувачи присутни беа и двајца гости од Србија.

Во класата МХ Open во која се најдоа возачите кои не се бодуваат за шампионатот на Македонија првото место му припадна на Фазли Ислами (Хонда), второпласиран беше Тодор Стојановски (Кавасаки), а на третата позиција се најде Амир Амети (Сузуки).

Заради бројот на возачи заедно на патеката се најдоа натпреварувачите од класите МХ Open и МХ3, а потоа и МХ2 и МХ1. Единствено најмладите во класата МХ85 возеа посебна трка. Кај нив победник беше Миодраг Станојевиќ од Србија, второто место му припадна на Самир Бишевац (МК Мото Велес), а трет беше Албан Елези (МК Вардар).

mx orman 2015 122Возбудливи трки во класите МХ3 и МХ Open

Во класата МХ3 нај успешен беше Јован Стојков (МК Ноќни Волци) кој беше второпласиран на првата трка но победи на втората. Стојков го размени местото на пиедесталот со Борче Костов (МК Ноќни Волци) кој победи во првата трка но беше втор на втората, па според пропозициите иако имаа ист број на бодови на крајот замина дома со пехарот за второто место. Во оваа класа трет беше Мирче Ќорнаков (МК Ноќни Волци).

Во класата МХ2 гостинот од Србија Младен Станојевиќ го освои првото место, ист број бодови во оваа класа имаше нашиот Христијан Станкович (МК Мотостарс) но заради победата на Станојевиќ во втората трка тој мораше да се задоволи со пехарот за второто место. Васко Киров (МК Ноќни Волци) заврши на третата позиција во оваа класа.

mx orman 2015 223Христијан Илиоски ја забавуваше публиката на Орман

Нај силната класа МХ1 помина без изненадувања, Христијан Илиоски (МК Пелистер) со две победи заслужено го доби првото место, а Гоце Томовски (МК Гого) заврши на втората позиција пред Драган Ванов (МК Мото Велес) кој имаше успешна трка.

Следната трка од шампионатот се вози на 1-ви ноември на патеката Братиндол во Битола.

comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!