28
Пет, Јул
Домашни настани

МФМ - Прогласени најдобрите мотоциклисти на Македонија за 2011 година

thumb_mfm-proglasuvanje-2012-108Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 30 март 2012 година во пријатна атмосфера на ресторанот Роџер пијано го одржа годишното прогласување на најдобрите во мотоциклизмот во Македонија за 2011 година.

Следете нè на:

 

mfm-proglasuvanje-2012-108

Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 30 март 2012 година во пријатна атмосфера на ресторанот Роџер пијано го одржа годишното прогласување на најдобрите во мотоциклизмот во Македонија за 2011 година. На прогласувањето беа доделени признанијата во шампионатите на Македонија во мотокрос, ендуро и скутери, во поединечна и екипна конкуренција. Исто така беа врачени и награди за најбрзите од купот на Македонија во мотокрос и супермото. На крајот од свеченоста беа доделени посебни признанија на поединци, институции и организации кои помогнаа во текот на 2011 година за промоција на мотоциклизмот во Македонија и пошироко.

mfm-proglasuvanje-2012-1Претседателот на МФМ, Ленин Јовановски дава интервју за Бекстејџ

Пред почетокот на свеченото прогласување, на присутните претставници од медиумите им се обрати претседателот на МФМ, Ленин Јовановски. Тој истакна дека 2011 година е најуспешна во историјата на МФМ, а вицешампионското место на репрезентацијата на Македонија на „Купот на нациите“ во ендуро е голем успех на нашата држава не само во рамките на мото спортот, туку и општо на спортски план. Потоа Јовановски ја претстави програмата на МФМ за 2012 година, а посебно го истакна фактот дека во името на МФМ пред една недела го потпишал договорот за првиот прекуграничен проект меѓу Македонија и Грција од ИПА фондовите. Проектот е наречен „Прекугранични тркала“ и МФМ ќе го спроведува во следните 12 месеци заедно со партнерот од Серес, Грција. Покрај тоа, за првпат МФМ определи фонд за покривање на патните трошоци на нашите натпреварувачи кој настапуваат на трки од меѓународен ранг. Исто така, за првпат е оформен фонд за наградување на меѓународните успеси врз основа на освоените поени.

mfm-proglasuvanje-2012-16

Во шампионатот во мотокрос најдобри беа Андријан Ристевски (МХ85), Никола Гулевски (МХ2), Гоце Томовски (МХ1) и Борче Костов (МХ3). Кај клубовите најмногу поени освои МК Мотостарс од Битола. Посебен аплауз доби и најмладиот награден, седумгодишниот Лука Ристевски кој ја освои вицешампионската титула во класата МХ85.

Во ендуро шампионатот со титули се закитија: Александар Петровски (Е1), Ивица Милошевиќ (Е2), Валентин Тошев (Е3) и Виктор Ефремов (Т1). Во екипниот пласман најдобри беа членовите на МК Мотори од Скопје.

mfm-proglasuvanje-2012-91Награди и за најдобрите македонските учесници на ФИМ релито

Кај скутерите заслужено признанијата за првото место во генералниот пласман отидоа кај Бранислав Милошевски (50сс) и Даниел Блажевски (100сс). Најголем аплауз доби Маја Ивческа која го освои вицешампионскиот трофеј во класата до 50 кубни сантиметри и покажа дека и претставничките на поубавиот пол се рамноправни учеснички во мото натпреварите.

За целата галерија од доделувањето кликнете овде.

Посебни признанија за промоција и унапредување на мотоциклизмот во Македонија МФМ им додели на ОКТА АД Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Општините Гевгелија, Битола и Старо Негоричане, МК Александар и Слободан Ивчески. Специјално признание проследено со овации доби генералниот секретар на МФМ, Зоран Наумовски – Кизо за неговата досегашна повеќедецениска работа во мото спортот. Наумовски воедно е и најзаслужен за формирањето и досегашното функционирање на МФМ.

Извор: МФМ
comments

Би можело да ве интересира

Веспа само што претстави нова специјална верзија наречена Sei Giorni, или преведено, „Шест дена“. Оваа лимитирана верзија беше креирана со цел да се одадде почит на оригиналната „Six Days“ Веспа спорт која во 1951 година ја освои интернационалната „Six Days of Varese“ награда.

Извршниот директор на Ducati,  Клаудио Доменикали, смета дека проблемот со популарноста со кој се соочува Светскиот Супербајк шампионат е поради фактот дека во моментов тој не се разликува премногу од MotoGP.

Единечниот ECU ја отстрани најголемата разлика меѓу фабричките и сателитските тимови

Повеќето мотоциклисти сигурно нема да го препознаат името Раџив Бајај. Но како извршен директор на „Bajaj Auto“, Раџив е на чело на еден од најголемите мото брендови во светот.

Red Bull Honda потврди дека поранешната ѕвезда во Светскиот Супербајк шампионат, Давид Џулиано, ќе настапи за нивниот тим на дводневниот тест во Лаусицринг

Макпетрол во својот салон за Хонда во Скопје го изложи новиот Honda MSX125 2017

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!