thumb_IMG_9652На 9 и 10 декември во Констанца (Романија) се одржа годишниот конгрес на Балканската мото унија (БМУ). На конгресот присуствуваат 7 федерации од вкупно 13 членки.

IMG_9652

На 9 и 10 декември во Констанца (Романија) се одржа годишниот конгрес на Балканската мото унија (БМУ). На конгресот присуствуваат 7 федерации од вкупно 13 членки. Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) ја претставуваа Деан Блажевски и Владимир Карчицки. На конгресот се одлучуваше за новиот претседател; членови на управниот одбор; членови на комисии; измената на правилниците; како и календарот во мотокрос, брзински мотоциклизам на кружни патеки, супермото и ендуро.

IMG_9903За нов-стар претседател беше избран Богдан Николов (Бугарија), додека едногласно беше продолжен мандатот на членот на УО од МФМ, Зоран Наумовски. Свои претставници МФМ ќе има во комисиите за мотокрос, брзински мотоциклизам на кружни патеки, супермото и ендуро.

Традиционално МФМ ќе биде организатор на натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос кој е закажан за 29 април 2012 година на патеката Милци крај Гевгелија. Во календарот на оваа дисциплина има вкупно 8 натпревари, а натпреварот во Македонија е втор по ред.

Што е уште позначајно, откако се покажа како одличен организатор, на МФМ едногласно и беше доделена организацијата на првиот натпревар од Европскиот шампионат во мотокрос. Тоа ќе биде најзначаен натпревар досега во организација на МФМ, со оглед на тоа што федерацијата постои само 4 години.

IMG_9988На 10 декември се одржа и свеченото прогласување на најдобрите во 2011 година. Одличните настапи во текот на целата сезона, на Гоце Томовски му го донесоа третото место во најсилната МХ1 класа во отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос. За прв пат МФМ и Македонија освоија и одличје во екипен пласман. Ендуро репрезентација на Македонија го освои второто место на „Купот на нациите“ за што и беше доделен вицешампионскиот пехар. Покрај тоа, дел од наградите додели и преставникот на МФМ, Деан Блажевски.

Извор: МФМ
Back To Top